На прво место

Гоце Марков : Весникарите во обид да се извади Делчев од илегала

1goce markov

1goce markov

(,,Историското” писмо на Гоце) Отсекогаш постоеле недоречености и пропаганди од страна на комшиите ни наши, за цврстата кауза на македонскиот идеолог и творец на Каузата – Гоце Делчев.Аспирациите и великобугарските манипулации никогаш не го поштедиле од фалсификатите и местенките, преку животот се до неговата изнудена и очекувана смрт.Зошто бугарските весници отсекогаш го напаѓале ако навистина бил Бугарин како што велат тие?

За да биде сликата појасна, неговото самодекларирање како освестен Македонец е трнот во око на сите медиуми од тоа време кои со душа чекале да биде ,,тргнат”!

И ден-денешен Бугарите се повикуваат на фамозното писмо (ако не е фалсификат?), во кое Делчев тврди дека Македонците се Бугари.Дури и да го напишал ова писмо тоа е временски момент кога Бугарската егзархија е во најголем залет, време кога македонските учени своето знаење го стекнувале од едностраните бугарски информации и егзархиски книги (од истите тие книги учеле за ,,своето” потекло) а кои на пиедестал го ставале бугаризмот.

Сепак во една своја подоцнежна изјава Г. Делчев е јасен и недвосмислен во одредницата на своето македонско национално чувство.ЦИТАТ: ,,Оној кој сака да работи за присоединувањето на Македонија кон Бугарија , Грција или Србија, тој може е добар Бугарин, добар Грк или добар Србин, но не е и добар Македонец”.

   Тогашните весници на бугарската егзархија жолчно го напаѓаат две – три години по неговата смрт поради неговите промакедонски ставови.А дури подоцна си го преземаат како свој историски лик во недостиг на свои. Во 1905г. во весникот ,,Реформи” остро е напаѓан. ЦИТАТ: ,,Овој Делчев навистина почна да се замислува дека е Господар на македонското дело и дека неговата волја треба да е врховна”!?

    Во неколку наврати во изјави кон репресалиите и тортурите, кон местенките и интригите на Дворот, Г. Делчев ќе каже; ЦИТАТ: ,,Додека моето рамо ја носи пушката, ниту еден бугарски официр не смее да стапне во Македонија! Границата е плот од штикови, чии острици се насочени кон градите на офицерите!” Тоа е време кога Дворот плаќа дебело ,,писатели”, т.е. агитатори, фасификатори-весникари кои со перо, кои со револвер се обидуваат да го замолчат.Самиот тој факт е доволен да потврди сам за себе колку Делчев е Бугарин,  нели?

   Самите весникари, дебело платени, извиканиот да го извикуваат од неговата камелеонска и строго дисциплинирана рутина и агенда, платени да го извадат на виделина, на површина за да биде елиминиран.Преку голем број на писма испратени кон негови блиски дека наводно Делчев починал негде по планините, создаваат атмосфера на затајување на духот на македонизмот,  се со цел самиот да се појави…

   Тој, самиот е свесен и го знае фактот, а воедно знае и за неизбежниот крај.

,,Ако не беше овде, ќе беше на друго место”.

Ако не беше денес, ќе биде утре-тоа е основната поента на неговото погибие.

 Во збиени редови и со збиена агенда, истиве овие агитатори на великобугарската егзархија трчаат кон границите навестувајки касапници, колежи и неколку пати се обидуваат преку подражавање и провоцирање да изнудат излегување на идеологот од скрити места на родната грутка, на површина како би бил елиминиран и отстранет.Крајно негативното расположение на тогашниот бугарски печат е и повеке од доволен доказ за самосвеста на македонскиот апостол на тајната национална мисла и реален творец на ,,#опервачкото” ВМРО , човек кој ке биде лајт – мотив на сите идни генерации.

Одеднаш, стивнуваат сите напади врз Делчев, и желба велика, ќе се потепаат да си докажат прво на себеси, а после на сите други дека е Бугарин. Во 1902г. Гоце Делчев има весник ,,Дело”, кој всушност е остар критичар на бугарската пропагандна машинерија и има цврсти докази за посветеноста за самостојна и независима Македонија. Во еден број на ,,Дело”, авторот #Еден #Македонец пишува; ЦИТАТ: ,,Кој пат ке го фатиме и што да правиме за да се откинеме од оваа мрежа што така итро ни ја скроија бугарските влади? Како што реков неопходно е да премавнеме бугарската пропаганда во Македонија”!? 

    Дали ние воопшто сме свесни колку документи и ден-денес се кријат во архивите?Особено турските?! Дали претпоставуваме за големината и делата на Македонците кои историски биле злоупотребувани? Лесно е да се суди од денешен аспект, но врати ги временските параметри ТИ, мој читателу и просуди.

(користена литература од А.Донски)

Гоце Љубе Марков колумнист, Македонец и Човек

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top