На прво место

Реџеп Исмаил за Лидер: Властите не се грижат за правата на Македонците во Македонија, небулозно е да се очекува тоа да го прават во друга држава!

 

Пендаровски нема намера да се заложи кон решавање на проблемите на македонското малцинство во Бугарија , напротив продолжува со сервилната дипломатија кон Бугарија која е во линија со анти-македонската политика на коалицијата СДСМ-ДУИ.

Долгогодишниот активист за економска и социјална правда, основач и член на президиумот на Левица, Реџеп Исмаил смета дека сите политички чинители во Македонија треба да се залагаат за признавање на малцинствата во соседството но притоа да се откажат од било какви преговри околку националниот идентитет, историја и државните симболи.

Ниедна отстапка од страна на сегашната власт не може да ги зголеми шансите на Република Македонија да стане членка на ЕУ во догледно време, вели Исмаил, затоа што Француската политичка гарнитура е за централизација и внатрешна реформа на постоечката Европска Унија а не за нејзино проширување.

Лидер: На 28 јануари, Претседателот Стево Пендаровски се сретна со претставници на ОМО Илинден Пирин.

Во официјалното соопштение ги нарече граѓани од Бугарија а не Македонци од Бугарија. По состанокот на Советот за Безбедност , во обраќањето и одговорите на новинарски прашања, Пендаровски ретерираше, дека нема ништо спорно во тоа тој да се сретне со Македонци од било која земја. Како го оценувате претседателскиот став?

-Ставот на Претседателот е доследен и во линија на анти-македонската политика на Владата на СДСМ-ДУИ, и тоа воопшто не не изненадува. Властите во Македонија не се грижат за животот, состојбата ниту пак за политичките права на Македонците, па оттука, небулозно е да се очекува да го прават тоа за Македонците во друга држава. Впрочем, за улогата и намерите на Претседателот Пендаровски доволно говори тоа што тој, на оваа средба со Македонците од Бугарија, не само што пропушти јасно да и посочи на Бугарија дека пред се таа треба да ги испочитува пресудите на Европскиот суд и да престане со оспорување и кршење на правото на слободно здружување на Македонците во Бугарија. Следствено на ова, да побара од Бугарија да овозможи заштита и унапредување на нивната култура и посебност. Но напротив, Пендаровски се обиде и да ја изманипулира целата јавност, нарекуваќи ги претставниците на ОМО Илинден Пирин „граѓани на Бугарија“. Додека пак потоа, со неговото ретерирање, тој уште повеќе ја откри неговата намера да ја продолжи сервилната дипломатија во преговорите со Бугарија, со тоа што, изјавуваќи дека нема намера да се заложи за решавање на нивните проблеми како македонско малцинство во Бугарија, и покрај фактот што, во нивна корист има дури 16 пресуди на Европскиот суд, токму во спорови против сегрегирачката политика на Бугарија.

Лидер: Каква позиција треба да заземе целиот државен врв околку македонско прашање во Бугарија и вметнување на Бугарите во македонскиот Устав?

-Не само државниот врв туку сите политички чинители во Македонија треба да се залагаат за признавање на постоењето на посебно македонско малцинство во Бугарија (и Грција, патем) и да се откажат од било какви преговори околу националниот идентитет, историјата и државните симболи.

Што се однесува до барањето на Бугарија за вметнување на Бугарите во македонскиот Устав, потребно е да се инсистира од Бугарија да даде потврда за постоење на вакво малцинство во Македонија; врз основа на што тие тврдат дека има толкаво бугарско малцинство во Македонија и на кој начин им се ускратени правата на истото?
Инаку, преговорите со ЕУ треба строго да бидат во рамката на Копенхагенските критериуми како услови за членство во Унијата а не да се влегува во билатерали преговори со одделни членки на Унијата.

Лидер: Дали може да очекуваме од француското претседателство тоа да донесе можност за почеток со ЕУ преговорите, доколку нашата земја “договорила“ односно направила колатерални отстапки?

-Француската политичка гарнитура во повеќе наврати децидно изјавува дека е за централизација и внатрешна реформа на постоечката Европска Унија а не за нејзино проширување, следствено, ниедни отстапки од страна на сегашната власт не можат да ги зголемат шансите на Република Македонија да стане членка на сојузот во догледно време. Во однос на француското управување со кормилото на ЕУ треба да се знае и тоа дека токму во овој период се закажани и пртседателските избори во Франција а проширувањето на ЕУ е посебно чувствителна тема која би можела да им послужи како „оружје“ на ривалите на Емануел Макрон а и голем дел од енергијата на земјата ќе биде насочена кон политичката кампања. А проевропското расположение паѓа и во останатите земји членки на ЕУ.

Освен тоа, нас како држава потребна ни сеопфатна критичка ревалоризација на политиката за стратешко партнерство со евро-атлантикот.

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top