На прво место

Николоски: Во најкраток можен рок треба да има избори

Aleksandar-Nikoloskii

Aleksandar-Nikoloskii

Николоски: Во најкраток можен рок треба да има избори, вештачкото одржување на мнозинството во Собранието е неодржлива ситуација

„Јас мислам дека избори треба да има во најкраток можен рок, а тоа според Уставот е 45 дена, затоа што целокупното одлагање на процесот на предвремени избори, само дополнително и носи штета на Македонија“, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото денешно гостување во утринската програма на телевизија Канал 5, запрашан, дали ќе има избори на есен ако нема подигање на бугарската рампа и датум за преговори со Европската Унија.

Тој додава дека, ако изборите се организираа уште минатата година, веднаш после локалните избори, досега Македонија веќе ќе имаше Влада со полн политички легитимитет, која покрај прашањето со почетокот на преговорите со ЕУ ќе можеше да ги решава и криминалот и корупцијата како и економско – енергетската криза, која покрај движењата во Европа, пред се е предизвикана поради неспособната актуелна власт.

„Да се организираа избори кога ние предлагавме, а тоа беше Собранието да се распушти веднаш после локалните избори, затоа што резултатите беа јасни и волјата беше јасна, веќе втората половина на декември ќе имаше избори и сега ќе имавме Влада со полн легитимитет. Која што, покрај ова прашање ќе можеше да го решава и прашањето на организиран криминал и корупција и пред се прашањето на една голема енергетска и економска криза со која што се соочува Македонија. Криза која што делумно е предизвикано поради движењето во Европа, но најголем дел е предизвикана заради неспособноста на актуелната власт, затоа што Македонија има сериозни капацитети за производство на електрична енергија, кои што или не ги користи доволно заради лош менаџмент на тие капацитети“, рече Николоски.

Така што, додаде тој, предвремените избори се нешто кое што мора да се случи, затоа што неодржлива е оваа ситуација на, практично, вештачко држење на моќта во Собранието.

Во текот на своето гостување Николоски се осврна и на изборот на конзулати. Тој посочи дека има индиции на кршење на Законот за надворешни работи, затоа што членот 49 кој што се однесува на упатување на конзули, кое што е едно дипломатско звање под амбасадорот, значи Македонија има амбасади и има конзулати, вели дека за конзул може да биде испратено лице кое што е висок дипломат во рамките на министерството за надворешни работи. Или доколку не е така, по исклучок може да биде испратено лице кое што е високо афирмирано во јавноста и кое што е високо афирмирано во меѓународните односи што јавноста ќе се согласи секако дека не е ова лице кое што е предложено.

„Аматеризмот оди дотаму што не ни знаат каде ја праќаат, имено велат дека ја праќаат во генералниот конзулат на Македонија во Њујорк, а од 2016-та година конзулатот на Македонија е преместен и не е веќе во градот Њујорк туку е во Њу Џерси. И зошто се премести конзулатот беше затоа што во Њу Џерси има огромна македонска дијаспора, и идејата е тој генерален конзулат да служи на нашите луѓе кои што живеат во случајот Њу Џерси, полесно да извадат пасош, други документи, да можат полесно да си дојдат тука, да комуницираат со своите роднини и пријатели. Така што не ни знаат каде ја праќаат конкретнава госпоѓа. Што кажува за еден целосен распад систем. Таму и претходниот министер Димитров и актуелниот Османи се мераклии за медиуми, се мераклии за медиумска слава, сакаат брзи решенија во споровите кои што Македонија децениски ако сакате и вековно ги има и со Бугарија, прават решенија кои што се на штета на државата и пред се на македонскиот народ како мнозински, и на крај завршуваат со фијаско“, нагласи Николоски.

Најново од: На прво место

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како инспиративна, продолжуваме со реформите

Премиерот очекува интензивирање на евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова, енергетски ефикасна детска градинка во Општина Теарце, со капацитет за 147 деца. Според него, со отворањето на објектот е надмината листата на чекање за згрижување деца во општината. […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

To top