На прво место

Конгресменот Мрван од Индијана стана најновиот член на групата за пријателство со Македонија

1kon

1kon

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), водечки глас за повеќе од половина милион Американци со македонско потекло, со радост објавува дека конгресменот Френк Џ. Мрван од првиот конгресен округ на Индијана стана најновиот член на двопартиската конгресна група за Македонија и македонските Американци. Конгресната група, која во моментов има 35 членови на Конгресот, ја одбележува својата 10-годишнина во зајакнување на американско-македонските стратешки односи.

Конгресменот Мрван за ОМД изјави:

 „Моја посебна чест е да бидам член на македонската конгресна група, а исто така и коспонзор на Резолуција број 741. Оваа резолуција го поддржува назначувањето на септември 2022 година за месец на македонско-американско наследство и ја цени интегралната улога на македонските Американци во економијата, културата и идентитетот на Соединетите Американски Држави. Отсекогаш сум бил благодарен за непроценливиот придонес на македонскиот народ и култура во првиот конгресен округ на Индијана и со нетрпение очекувам да продолжам да негувам соработка и пријателство со македонската заедница“.

Конгресменот Мрван беше избран за член на Конгресот на САД во 2020 година. Во 117-от Конгрес, тој е член на Комитетот за образование и труд на Претставничкиот дом, вклучувајќи го Поткомитетот за здравство, вработување, труд и пензии, и Поткомитетот за граѓански права и човечки услуги. Тој, исто така, е член на Комитетот за прашања на ветераните, вклучувајќи го и Поткомитетот за здравство, а исто така работи и како претседател на Поткомитетот за модернизација на технологијата.

„Френк прави фантастична работа претставувајќи го нашиот округ, со оглед на моето македонско наследство и големината на нашата заедница во Индијана, не можам да бидам поблагодарен што е пријател на Македонија и на македонските Американци“, рече членот на ОМД Александар Сарафин.

Претседателот на македонската православна црква „ Св. Петар и Павле” Марјан Трајковски рече:

„Возбудени сме што нашиот член на Конгресот – дом на првата македонска православна црква во Северна Америка – Св. Петар и Павле, во Краун, Индијана, се приклучи на конгресната група на Македонија. Со нетрпение очекуваме да работиме со конгресменот Мрван и наскоро лично да му посакаме добредојде во нашата црковна заедница“, рече Трајковски. 

Претседателот на ОМД Мето Колоски, изјави дека ОМД му се заблагодарува на конгресменот Мрван за неговото пријателство и градење посилни врски со македонските Американци во Индијана. 

„Ова е сојузна држава со историска и просперитетна заедница на Американци со македонско потекло,” истакна Колоски.

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top