На прво место

ЈАЗИКОТ, ИСКОНСКА ПРОГРАМИРАНОСТ ВО МОЗОКОТ

1jaz12

1jaz12  

ЈАЗИКОТ, ИСКОНСКА ПРОГРАМИРАНОСТ ВО МОЗОКОТ – ЗА МИСЛА, ЗВУК, ЗНАК МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, АНТИЧКО-МАКЕДОНСКА, СТАРОСЛОВЕНСКА И СОВРЕМЕНА ГЕНЕЗА

Се’ до некое идно време кога човековите ентитети ќе се разбираат со далечинско, кибернетско, интуитивно читање на менталните податоци, оние 7139 активно користени јазици на планетата Земја во 2022, ќе продолжат да служат за стандардизирана комуникација, работа и соработка, каква што обезбедувал и зачувал низ историјата и македонскиот јазик на Балканот.  

Јазиците се подложни на одумирање, го намалуваат својот диверзитет, како што тоа се случува и со угинувањето на животинските врсти на планетата. Во 20от век, 110 јазици исчезнале од листата на јазици зборувани од говорители со популација помала од 1.000. А дури 25% од тие „ретки“ јазиците на светот се говорат токму од популации со помалку од 1.000 говорители. Досега е прифатени дефиницијата за јазикот како систем на говорни, писмени и рачни-знаковни симболи (јазик за глувонемите). Овие симболи ги ангажираат природно вродените способности во најразвиениот и сеуште таинствен човеков орган, мозокот, и тие се првите неуро-биолошки, компјутеризирани програми за зборообразување, изразување и учење.

Јазиците неминовно имаат историски влијанија од други, и слични јазици, но таквите влијанија не им го одземаат статусот на автохтони јазици меѓу сродните. Индо-европската фамилија има 200 сродно поврзани јазици. Само во малата земја Папуа Њу Гини, се зборуваат 840 домородни и признаени јазици. Данскиот и норвешкиот јазик имаат заеднички германско-нордиски корени и меѓусебно се разбирливи, а светската лингвистика ги прифатила како посебни јазици на викиншката култура.  

Спрема светските стандардизирања на независните националните јазици, македонскиот јазик, како и другите словенски јазици, е автохтон јазик. Тој еволуира од прото-античкиот и античкиот период на македонските територии и кралства (писмени знаци на надгробните плочи и во карпестата уметност во Република Македонија), до старословенскиот јазик, употребуван во илјадници документи во средновековна Византија, и се доградува и стандардизира во денешен современ македонски јазик, пишуван и зборуван во независната и суверена држава, Република Македонија. Македонскиот јазик се наоѓа меѓу 300 јазици на светот кои се практикуваат во писмена форма.  

Македонски јазик со своите дијалекти освен во својата денешна држава, денес се зборува и во источните региони од етничка Македонија, Пирин (од 1913 година под бугарска власт), и во јужните региони од етничка Македонија, Егејска Македонија (од 1913 година под грчка власт). Во овие области од етничка Македонија, македонскиот јазик продолжува да се зборува како мајчин и покрај забраната на неговата употреба, и систематскиот етноцид и културоцид во последните два века. Јазици и народи „не се создаваат ниту се забрануваат со политички одлуки“, со рамковни договори и инструменти со кои се условува не-постоење на народи и култури во кои спаѓа и јазикот како историско наследство. Македонскиот јазик во 21 век постанува нов парадокс на една апсурдна политиката во која насилно му се укинува правото на употреба од неговиот домороден македонски народ стар повеќе од 8.000 години на Балканот.    

За различноста на македонскиот и бугарскиот јазик

Македонскиот со бугарскиот јазик немаат никакви заеднички корени во историјата, како што е историскиот пример за сличност меѓу данскиот и норвешкиот јазик. Средновековната просветна и црковна литература во Македонија е преведена и проповедана на старословенски македонски јазик со дијалект зборуван од Македонците во градот Солун. Азиските бугарски колонизатори на Балканот во време на мисиите на македонските просветители Кирил и Методиј, сеуште не се имале откажано од својот азиски говор Котон Сака, кој е збир на татаро-монголски дијалекти. Бугарските ханови го прифатиле македонскиот старословенски јазик и христијанство за да ги исполнат пред Папата и европските кралски династии државотворните условите за основање на свое „царство“ на Балканот. Оваа тогаш нова јазична политика во историјата на јазиците не им дава право на Бугарите да се претставуваат за автохтони говорители на македонскиот јазик, а уште помалку да го наметнуваат денес своето неосновано барање македонскиот јазик да се смета за дијалект на бугарскиот јазик. Бугарската политика најгрубо да му го одзема универзалното и индивидуалното право на македонскиот народ да го употребува својот македонски јазик, уценувајќи го да признае дека тој е дериват, дијалект од бугарскиот јазик. 

Лингвистиката и биологијата во научна одбрана на своите врсти

Природните науки до сега идентификувале околу 8.7 милиони врсти растенија, животни, бактерии, фунги, вируси во биодиверзитетот. Се претпоставува дека бројот на животински врсти на Земјата изнесува и 1 трилион. Целта на еколошка политика на планетата е да се заштитува животинскиот еко-систем и да се продолжи циклусот на взаемно одржување на здравиот опстанок, за во следниот еден век, спрема некои проекции, да не угинат 50% од постоечките животински врсти. 

Паралелно на заштитата на природата, зачувување на јазиците од одумирање треба да е значајна културолошка превентива. Најголем демократски и хуманистички криминал во процесот на угинување на јазиците би биле агресивните политички и партиски „меѓудржавни одлуки“ за прогласување на македонскиот јазик за непостоечки јазик. Но, тој процес се спроведува манијакално интензивно и бескомпромисно на европската и балканската политичка сцена, од актерот Бугарска власт, во име на лажна (fake news, fake facts) добрососедска соработка.    

Ако природните науки, економските политики и светските форуми и институции бараат спектакуларни вложувања во заштита на животинскиот биодиверзитет, природно е да се поставува општествено-политичкото прашање до хуманистичките науки: кој ќе вложува и ќе се заложува во заштита на македонскиот јазик од неговата присилна гео-политичка осуда на непостоење. Не се спорни 2.300  јазици говорени на азискиот континет, ниту 2.000 јазици зборувани во Африка. Тогаш, во предисторискиот базен на европската цивилизација, како може да биде спорна употребата на македонскиот јазик и постоењето на македонскиот народ со својата докажана писмена и усмена историја на културата!? Македонскиот јазик до сега продуцирал и репродуцирал огромни фондови книжевни и јазични богатства во културниот диверзитет на Европа и светот. Ако на природниот ланец му се потребни и најголемите животни – слоновите, и најмалите – инсектите, секако дека и во светската цивилизација се потребни и големите и малите јазици. Кражбата на културните, националните и јазични идентитети не оди во фондот на добрососедство, туку во анти-македонски културоцид. Македонскиот народ ова го сведочи и го прогласува за анти цивилизациска и анти-хумана агресија против неговиот посебен македонски јазик и култура.

1jaz1 Марија Емилија Кукубајска

Најново од: На прво место

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

Филипче слави туѓи победи, а ги премолчува поразите на СДС

Филипче порача: „Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен“, алудирајќи на Мицкоски. Самоуверена најава, како победата веќе да му е запишана, а останува само граѓаните да бидат известени. Само што во неговиот список недостига почетокот — оној што на Филипче и на СДС најмалку им одговара. Пред да брои паднати власти во туѓи […]

To top