На прво место

Идентитетско обезличување ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати

Hristijan 230220221

Hristijan 230220221

Мицкоски за спорот со Бугарија: Идентитетско обезличување ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати, но во исто време сакам да се знае дека потребна е широка поддршка од сите интелектуални и општествени групи

„Четири години се позади нас, почна и петтата година по ред и покрај сите отстапки, покрај сите кнедли кои Македонија ги проголта ние сме надвор од портите на Европската Унија. Спорот со Бугарија чиј што создавач е заевизмот е непромислива пречка за оваа влада. Главната активност на Ковачевски изминатиов период е сликање со Петков и состаноците со Заев. За ова последново не ни треба докази, се гледа од политиките на Ковачевски, сите тие политики се практично лице и опачина на една иста политика која што беше убедливо поразена на два пати на локалните избори, позната во јавноста како заевизам. Но, што е разликата помеѓу Ковачевски и Заев, тоа што Ковачевски го гледаме исто како Заев дека се слика, но барем Заев го имаше на слики, овој гледам дека го отстрануваат од сликите. Но да бидеме сериозни тоа е најмалиот проблем“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски на денешниот регионален отчет во Охрид насловен  „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека работата што оваа власт одбива консензус за најважното прашање кое во моментов ја засега Македонија. Таа подадена рака за секој државник и премиер, особено кога тоа доаѓа од опозицијата, како што го направи ВМРО-ДПМНЕ би била прифатена затоа што тоа е одговорно однесување и би било засилување на аргументите во преговорите со источниот сосед.

„Одбивањето само говори тоа дека на повидок е многу поопширно решение од само промена на Уставот во која што требало да биде вклучено бугарското малцинство во Македонија. Поопширното решение подразбира навлегување во историјата и македонскиот јазик со што директно се задира македонскиот идентитет. Што би значело газење по македонскиот идентитет. Такво идентитетско обезличување ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати, ниту сега, ниту во иднина, но во исто време сакам да се знае дека потребна е широка поддршка од сите интелектуални и општествени групи, нивна мобилизација и гласност на секој поединец за да не се дозволи решение со кое подоцна треба да се живее. Јасно им е дека во Парламентот немаат 80 пратеници, и единственото нешто што ќе им остане на располагање е целокупните барања опфатени со Декларацијата на бугарскиот Парламент да бидат дел од преговарачката рамка. Тоа е она кое што го преговара денеска Ковачевски од името на Зоран Заев и тоа е оној заевизам, кој што ние го зборуваме кој што не исчезна, присутен е неговиот дух затоа што според политиките на Ковачевски тоа можеме да го видиме и во јавноста и во преговорите со Петков“, појасни Мицкоски

Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е носечкиот столб, и ако прашањето е што ќе направи ВМРО-ДПМНЕ за да се спречи лошо решение, одговорот е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се што има на располагање за да го спречи и да се спротивстави на ова решение кое што Ковачевски е подготвен да го потпише и да не го донесе при тоа на увид на јавноста.

„Но внимавајте, ако го потпише и ако го прифати и стане дел од преговарачкиот процес назад нема. Тогаш или ќе се бугаризираме и ќе бидеме дел од ЕУ, или ќе преговараме до бесконечност. Затоа е многу важно, многу важно ВМРО-ДПМНЕ денеска да обезбеди општествена поддршка од македонскиот народ и од граѓаните во Македонија. Заедно да излеземе со се што е потребно да го спречиме заевизмот преку Ковачевски да го прифати ова решение и ова да влезе во преговарачката рамка. Повторувам, потоа ќе биде доцна. Потоа за бадијала ќе бидат прашањата на инсталациите и за бадијала ќе биде се. Сега е вистинскиот момент кога треба сите ние да застанеме и да се спротивставиме на ова предавничко решение кое што го подготвен Ковачевски да го потпише. Затоа што таква е инструкцијата на Зоран Заев. Такво е писмото кое што му го оставил при примопредавањето на црвените дебели килими и додека седеа фино залежани во дебелите кожни фотелји“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не е против решение, ВМРО-ДПМНЕ е за решение. Бара гаранции Петков, бара гаранции и ВМРО-ДПМНЕ. Бара гаранции ВМРО-ДПМНЕ за многувековната историја на македонскиот народ, како посебен народ и различен од останатите словенски народи. Бара гаранции за неговата традиција, бара гаранции за неговите обичаи, бара гаранции за културата, бара гаранции за македонскиот јазик.

„И конечно бараме гаранции како ВМРО-ДПМНЕ дека никогаш повеќе никој додека не станеме полноправно членка на ЕУ каде што му е местото на овој народ и каде што и е местото на Македонија дека никој понатаму поради субјективни причини нема да не опструира. Тоа се условите, да седнеме на маса, да постигнеме национален консензус и да продолжиме да преговараме. За бадијала ни е се, ако го изгубиме она кое што сме го наследиле од нашите предци, а кои што со глава, крв и живот го платиле тоа што ние денеска го живееме. Затоа од овде од Охрид упатувам порака и барам општествена поддршка да не дозволиме Владата на Османи и Ковачевски, да го направи ова предавство. Ни треба народ, ни треба масовност, да излеземе и да се бориме против сето ова“, порача Мицкоски.

Најново од: На прво место

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

Филипче слави туѓи победи, а ги премолчува поразите на СДС

Филипче порача: „Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен“, алудирајќи на Мицкоски. Самоуверена најава, како победата веќе да му е запишана, а останува само граѓаните да бидат известени. Само што во неговиот список недостига почетокот — оној што на Филипче и на СДС најмалку им одговара. Пред да брои паднати власти во туѓи […]

To top