На прво место

MMДЧП покрена постапки пред Европскиот Суд за Човекови Права за ослободување на македонските политички затвореници

1627406

16274

Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права покрена неколку процеси пред Европскиот Суд за Човекови Права, конкретнo со цел: да се обезбеди итно ослободување на македонските политички затвореници уапсени од режимот на СДС/ДУИ во Мaкедонија; да се понуди итна медицинска помош која досега режимот им ја ускрати на неколкумина од политичките затвореници кои имаат итна медицинска потреба; да се повика на одговорност режимот за неговото постојано, сериозно кршење на човековите права на Македонците, почнувајќи со принудната промена на името; и да се поништи променат на името која нелегално ни е наметната преку „Договорот од Преспа“. Освен што крши многубројни меѓународни конвенции за заштита на човековите права кои ги ратификувала Македонија, овој договор е во директен судир со македонското и меѓународното право, со Уставот на Македонија, собранискиот деловник и процедури и оттаму е невалиден.

Првиот процес е отпочнат како привремена мерка со итно дејство – механизам кој Европскиот Суд за Човекови Права го користи за да се бори против опресивните режими кои намерно им ускратуваат медицинска помош на затвореници на кои таа им е итно потребна. Политичкиот затвореник за кого се однесува овој процес мора веднаш да се оперира но, и покрај тоа што потребата е очигледна, и што се доставени сите потребни медицински документи, упорно се одбиваат бројни барања и жалби до повеќе судови.

Вториот процес во кој постапката веќе е почната се однесува на истиот политички затвореник и во него се бара негово итно ослободување врз основа на водечкиот документ на Европскиот суд за човекови права, Европската конвенција за човекови права, која ги вклучува следните членови:
Член 3 – Забрана за мачење

Никој не смее да биде подложен на мачење, нечовечко или понижувачко постапување или казнување.

Член 5 – Правото на слобода и безбедност

(4) Секое лице лишено од слобода со апсење или притворање има право да вложи жалба до судот, и тој во кус рок да ја разгледа законитоста на тоа лишување од слобода и ако тоа не било законско, да нареди негово ослободување.

Член 10 – Слобода на изразување

(1) Секој човек има право на слобода на изразувањето. Ова право ги опфаќа слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или идеи, без мешање на јавната
власт и без оглед на границите. Овој член не ги спречува државите, на претпријатијата за радио, филм и телевизија да им наметнуваат режим на дозволи за работа.

Член 13 – Право на реалнажалба

Секој човек, чии права и слободи признати со оваа Конвенција, се нарушени, има право на жалба пред националните власти, дури и тогаш кога повредата на овие права и слободи ја сториле лица при вршење на службена должност.

Член 14 – Забрана на дискриминација

Уживањето на правата и слободите, признати со оваа Конвенција, треба да се обезбеди без никаква дискриминација заснована врз пол, раса, боја на кожата, јазик, вера, политичко или кое и да е друго мислење, национално или социјално потекло, припадност на национално малцинство, материјална положба, потекло по раѓање или кој и да е друг статус.

Политичкиот затвореник од овие два процеси побара да не биде именуван од страна на ММДЧП, од страв дека ќе се изложи на дополнителни притисоци против него и против неговото семејство.

Почнуваме процеси и за други политички затвореници. ММДЧП ќе информира за напредокот во сите гореспомнати случаи преку соопштенија.

Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права ја повикува меѓународната заедница, организациите за заштита на човековите права, медиумите, новинарите, политичките партии и сите заинтересирани за заштита на човековите права да ни се придружат во ова иницијатива и да издадат соопштенија за поддршка и за заштита на правата на Македонците.

Ве замолуваме да го известите ММДЧП за сите преземени чекори. Нашите контакт податоци се наведени подолу.

1hums21

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top