На прво место

МОЈАТА КНИГА „КОРОНИЗАЦИЈА“ – ПРОТИВ БОЛЕСТИ И ВОЈНИ, ЗА СВЕТЛА ПРОЛЕТ

1Marija Kukubajska

1Marija Kukubajska 

Проф. д-р Марија Емилија Кукубајска          

На Денот на пролетта, Народната универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ – Штип ја промовираше мојата најнова книга „Коронизација“. Оваа интердисциплинарна книга од мини есеи, поезија и научни истражувања ја пишував во екот на пандемијата, со тешка мачнина, но и со светла порака: нова надеж за стивнување на борбата со корона вирусот. Рецензент и онлајн промотор на книгата беше проф. д-р Марија Леонтик, од Универзитетот Гоце Делчев, Штип. Во вториот дел од програмата беше доделена хуманитарната меморијална награда „Д-р Марија и Емилија Кукубајски“ за 2021 година, на врвниот археолог, проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс. Во чест на неговите постигнувања се прикажа документарен филм за археологијата од Античка Македонија. https://youtu.be/0ev0vHZVq4U.  Наградата ја врачи доцент д-р Елена Јовева, УГД, Штип, директор на ЕМАРИ Институтот за едукација, морал, академски истражувања и историја на културата.

Промоцијата на книгата „Коронизација“ се совпаѓа и со празникот „Четр’се“, признат од УНЕСКО по неговата традиција која постанала фолклор во историјата на македонската духовна култура во Штип. „Четр’се“ во православната црква е документирано предание за моќта на љубовта, верата и надежта во животот, и во законот на природата, во Бог. Камењата фрлани против четириесетте христијански војници во Источното Римско царство, во Севастија, Ерменија, 320та година, чудесно се враќале и удирале по римските мачители, замрзнатото езеро со фрлените тела – одмрзнало, а коските на убиените маченици засветеле во водата. 

Современите содржини во „Коронизација“ произлегоа од сеопштите борби со корона вирусот. Тие се лични и општи доживувања, набљудувања и споредби на постоечките со постојаните борби со болести меѓу човештвото. И болеста е борба – против здравјето на телото и свеста, како инвазијата на пандемијата. И борбата е болест – напаѓа, уништува поединци, уништува народи, екологија. Бактерии, вируси, паразити, габи, ги напаѓале биолошките системи од постанокот на планетата, а денес тие завојуваа и геополитички.

Човековиот прогрес паралелно водел до постојани противречности. Целите за доминација над човекот, општествата и над материјалните богатства, регресивно ја  зголемувале разорната моќ на болестите и на борбите. Тоа разгорување на судири, води до инфламации во светот; заболуваат, гинат оние со слаб имунитет, оние кои се мали, иако со супериорна историја на здравјето. Гинат стари граѓани, стари народи, горат во шарени шилци од болести оние кои биле без заштита од големите сили, или од големата фарма, или од големите богатства, големите вистини, или големите лаги. Никој не е имун на смртоносната моќ. 

Болестите и војните носеле назадување – на културата на човекот и на агрокултурата на природата, болестите биле загуби и за историјата и за иднината. Светот после војните номинално напредувал, но реално заболувал, и одново мирнодобски продолжувал да војува со нови болести: егзистенцијален страв, недоверба, депресија, агресија, зголемена омраза против разликите – идеолошки, културолошки, верски, политички. Противречноста во таа нова реалност ги зголемува разликите меѓу силните и слабите, оттаму се зголемува и борбата да се колонизира со нови болести во светскиот поредок. Историјата докажала дека никогаш не се доаѓало до здравје преку болести, до мир преку немири, до слобода преку изолирање, до правда преку насилство, до победа преку биолошко и огнено оружје, до еднаквост преку непризнавање на разликите кај другиот, до духовно здравје преку корозија на идеите за тоа што е нормално, а што – корисно ненормално.

Колку поагресивни се револуционерните научни промени во производството на хибриди од секаков вид, хибридна храна и лекови за зголемена отпорност на болестите, или на хибридните промени на култури и општества, за зголемено искористување на богатствата од земјата, од умот и од душата на човековото битие – толку попоразителна ќе е војната за здраво одржување, или заболување на тие идентитети, ентитети, организми и органи на уредување на светот и животот.     

Во рамки на човековите права и слободи на мислење и изразување, овие стари и нови реалности, ги истражував, изведував дијалози, монолози, дијагнози и можни прогнози за историјата на болестите, на војните и на можниот лек против нив. Во петте делови од книгата изразував разбирање за вековните болки и борби на доблесниот македонски народ низ народните песни. Ја синхронизирав фолк-џез музиката на швајцарскиот музичар со македонско потекло, Зоран Казаков. Во периодот од пандемијата со овој престижен композитор и интерпретатор меѓусебно се инспириравме со збор и звук. Споредував разлики и сличности во митологијата. На нечии дефетистички елегии за угинувањето и откажување од себе, им спротивставував оди со верна свест за препород, опстанот, докажување на вредностите. И птиците се судираат, го бранат владеење со својот хабитат, симболизираат и светли и темни летови без граници, но секогаш вродено навигираат кон своето јато. Во завршниот дел ја истакнувам исконската волја на човекот – да се бори за своето здравје, за мир и напредок во се’, за светли нови години, за радост во  пролетта, и во сите годишни времиња, за почит и добра волја меѓу луѓето во нашата прекрасна Македонија и на нашата чудесна планета.

https://youtu.be/ZsnCRtFp2hc  I FELL IN LOVE WITH A GIRL    (Zoran Kazakov, trumpet)

https://youtu.be/N-bzOqgwfow Triptyque #1 – Sunrise – Triptych     (Zoran Kazakov, trumpet)

https://youtu.be/bgvSRRG9u78   Carlo Tessarini – Sonata in D  (Zoran Kazakov ft. Marc Dubugnon)

Најново од: На прво место

Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?

Двојното државјанство не е дозвола за кршење на законите. Секој што живее или престојува во Македонија одговара за своите постапки според законите што важат во државата, без оглед на тоа чиј пасош поседува. Дали некој што има бугарско или друго странско државјанство може да изврши кривично дело во Македонија, да замине во другата држава и […]

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

To top