На прво место

Андоновски: Откако власта го потпиша договорот со Бугарија настана проблемот со идентитетот, а соработка на други полиња имавме и претходно

1Andon1

1Andon1 Андоновски

Ако дозволиме да влеземе во натпревар на моќ, натпревар на старост како нации тогаш бегаме од основното право на меѓународните односи дека секоја држава е еднаква во меѓународниот правен поредок  ако е признаена од Обединетите Нации, изјави Стефан Андоновски секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното  дебатно гостување во емисијата „Анализа 24“ на Телевизија 24.

„Проблемот кај нашите претставници е тоа што не ги знаеме ставовите на Македонија и што сакаме ние од овие преговори со Бугарија, ниту пак која е целта на нашата македонска страна. Ние со Бугарија имаме проблем со идентитетските прашања, а соработката во другите области постоела и пред договорот за добрососедство и соработка од 2017-та но без било какви барање на Бугарија кон македонскиот јазик и историја“, рече Андоновски.

Андоновски потенцираше дека доколку ЕУ направеше посериозен политички притисок да овие прашања се разрешат и Македонија да почне преговори со ЕУ тогаш овој процент на антизападно расположение во Македонија би било помало, затоа што директно ќе ги согледавме придобивките од тоа.

„Доколку отпочневме преговори со ЕУ ние ќе ги согледавме придобивките. Напротив кај нас имаше доцнење на вакцините и слаб политички одговор на ЕУ во нашите евроинтеграции. Доколку отпочнеме преговори со ЕУ ние сега ќе имавме поголема помош во овој кризен период од земјите членки на ЕУ“, кажа Андоновски.

Андоновски во однос на барањата на Бугарија кон Македонија потенцираше дека барањата не се европска вредност и се директно мешање во работата на една суверена држава и директно бараат промена на устав.

„Надвор ние не поставуваме наши барања, дали имаме ние некои црвени линии и гаранции кои треба да се исполнат. Суштинскиот проблем е дека имаме Влада која дома е лажен триумфалист, а надвор има подвиткан ‘рбет или воопшто нема ‘рбет“, рече Андоновски.

Андоновски изјави дека потребно е Бугарскиот парламент да се повлече од иредентистичката бугарска декларација која е против македонскиот јазик, народ и нам не нарекува коминтерновска творба и второ бугарската држава да ги почитува пресудите на судот за човекови права од Стразбур и да дозволи регистрирање на политичка партија, здружение на граѓани или движење на македонците во Бугарија.

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top