На прво место

Народот е уморен од политичарите кои од голтари станаа милионери

1mickoski-

1mickoski-

Мицкоски: Народот е уморен од политичарите кои од голтари станаа милионери додека народот е се посиромашен, и тука мислам на сите такви, и власт и опозиција

Во вечерашно гостување на ТВ21 во емисијата „Клик плус“  претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакана дека народот е уморен од политичари кои од голтари кога влегле во политика, станале милионери, додека народот е се посиромашен.

„ Некои се денарски милјардери, но секако и милјрдери во валута офицајлна на Европската Унија, погледнете ги имотните листови, не треба да бидете многу аналитичен и да видите, започнете од оној просечен бизнисмен политичар што беше, па завршете со денешните политичари на власт, погледнете ги нивните имотни листови. Еве, ние како политичка партија за дел од официјалните лица, денеска извадивме. За сите политичари, па нека се и наши членови, и наши функционери, ако има ако влегле голтари во политиката и излегле милионери мислите дека ќе ги штедиме? Не, и тие треба да бидат на судот на јавноста, затоа што народот е уморен, народот е уморен повторно ќе кажам од луѓе кои што влегле во политика голтари а излегле од политика милионери“ нагласи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО -ДПМНЕ, Мицкоски додаде и дека додека некои од политичарите од голтари станале милионери, народот е се посиромашен.

„ Јас тоа не го кажав за да бидам интересен или да бидам политичар кој што кажал нешто па сега ќе предизвика некаде  хумор некаде критика, туку, тоа го мислам и врз основа на тоа што сум го анализирал. Погледнете ги возните паркови, погледнете како живеат и каде живеат луѓето, а народот е се посиромашен од друга страна “ заклучи Мицкоски.

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

To top