На прво место

Гоце Љ.Марков : Ќе не биде, ама ако бидеме верни на аманетот..

27544020

27544020 Гоце Љ.Марков

Пред очи имам магла, онаква политичко-социјална која те тера во недостиг на кислород во мозокот да размислуваш агресивно, радикално и револуционерно…

Моментот кога ќе го почувствувам топлиот камин, собата каде дневно ноќуваме, а ноќе денуваме ми стои поубава еволутувно поради итриот поглед на моето поколение!

Затоа и кај моите современици се јави општествената импотенција за револуција, за промени, за  создавачи…

И си велиш:

Ајде, ќе се среди!?

Ама така велат Сите?

А нели Револуцијата бара жртви за да живеат подоцна други, удобно во претходно загреаните фотелји од претходните?!

Таквото секојдневие ги избрка сите со Волја, со Надеж, со грам Памет, со Усул…

Оние пак, без овие нешта се Шефови, Раководители, Лидери, тоа не е диакутабилно!?

Белиот ден кој го чекаме ќе стане црна ноќ поради лошите и себични политики на Македонецот општо, поради Егото на поединецот наспроти колективот… а желбата е само Власт, само Себељубие, само и само Его…се друго, излегува само  имитација на Хегеловската философија и само лажен мејстрим на нешто што е само мисловно а се развива реално само тука и овде, на ФБ објави, на Иста слики и на селски Твитер досетки… како лажно, како спротивно на вистината!

И после сите сите мајстори за популизам, за егоцентризам, за селфпромоушн и за гаф…

Тоа се политичари од типот на ,,Левата страна” како модерни волшебници за промена на општествената мисла и постоење,  по заслуга се разбира!

Тие цврсто стоеле на Правиот пат?!

Како да се некои други, суштества од некоја паралелна димензија, тие се ткивото на ,,Требаше да има” и ,,Ќе”  лева интелектуала кои ќе водат крајно социјални политики и необврзувачки либерализам и опенмајдет иднина, настроти историскиот флеш бек кој го дава комунизмот.

 Збунети граѓани и промашени генерации се резултат на овие ,,Борци од НОБ”, загарантирани наследни Директори во малите градови, фамилии едни те исти, 5-6 тука некаде кралска ,,Плава крв” на хемоцијанин наспроти црн хемоглобин?!Се друго е багра за ваквите…

И така Ви се спровираат на Избори од 91-та?!

Не бре!

Од 45-та е истото!?

Ветувања за бесплатно здравство, ама каков контрапункт? Каков бре обид за ребренд? Само кажете си дека се работи на продавање на општо-државното, секаде градено од селски или градски самопридонес… жално и деградирачки до немајкаде?!

Надворешна дипломатија тукуречи космодиск политика? Страв да ти е да помислиш што е следно?

Не треба да прашаат, само да замислат и веднаш се менуваат ставови, принципи и црвени линии… Чекај всушност црвени линии и немаат?! Се е лага!

Продадени соништа на нашите деца!?

Продадени семејни вредности!

Отворени гробовите на нашите предци и продадена сегашност… Што да се каже?

Единствено лаги и манипулации!

Денес ќе се каже едно, утре се негира!

Крајна нужда на егзистенционалното прашање, несреден општествен поредок, лажни физибилити студии, Меѓународни сојузи кои перат пари и градат Старечки домови всушност само параван за тешки криминали, се има само општествена среденост – Не!

И после Младите бегале?!

Па се што кажаа, или излажаа, или изнегираа!?

Станаа чипоинсталатори на малкуте нивни подржувачи.Плукаа по една друга политика а донесоа многу полоша.

Се обидоа од златна држава да направаат фри шоп, а донекаде и успеаја… сега останува Народот во пред Новата година  да си ја земе во свои раце државата Македонија?!

Ајде, нека заврши воената операција таму кај браќата кои се убиваат, за да започне нашата, операција за отстранување на туморот, или операција за мешање на крвта?!

А ако некој следен политички субјект ја повтори истата грешка повеќе нема да има потреба од Револуционерна мисла и борба!

Оти се е кажано и сиот мастраф е ставен!

Не им верувајте на нежните и кротки Думи, облечени се во овчјах одеждах за го скријат волчјиот синдром пред Избори.

Јас, јас ќе гласам за Гласачот!

Тој е мојот лајт-мотив поради еднинствениот ден во животот негов кога не треба да биде Слуга но Господар на подреденоста!

Тука е шансата на единката да биде среден колектив.

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top