На прво место

МОНОДРАМАТА „КАМЕНОТ ОД РОБИ“ ОД ДУШАН РИСТЕВСКИ ВО ПРЕВОД НА ГРЧКИ ЈАЗИК ЌЕ СЕ ДЕЛИ СРЕДЕ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

277785885

 277785885

Деновиве од печат на грчки и на англиски јазик излезе монодрамата „Каменот од Роби“ од познатиот македонски драматург и поет Душан Ристевски од Сиднеј. Всушност оваа монодрама претходно беше објавена на македонски литературен јазик и на леринскиот дијалект. Монодрамата претставува потресна приказна за Павлина (возрасна Македонка родум од егејското село Роби), која на стари години се враќа во својата родна куќа каде сега живее млад Грк, кој дрско се однесува кон неа.

Додека Павлина – Паља си ги евоцира спомените од детството и младоста, Гркот постојано ја брка од таму.

         Рецензентот на монодраата доцент магистер Трајче Кацаров, во својот осврт кон драмата пишува:

         „Што се однесува до ова најново драмско дело на Душан Ристевски, би можеле да кажеме дека  е градено на индукативни принципи, односно на основа на конкретни примери. Внатрешните елементи, како и структурата,  ако се држиме до одредницата на класичарите, го означуваат прочитот на пиесата. Во учебникот по драматургија стои  запишано: „Да се предочи драматургијата на одредена пиеса тоа значи да се претстави фабулата рељефно, да се утврди театралниот начин на покажување  и раскажување на определен настан… Тоа бара да се проследат процесите на моделирање, стилизирање и кодирање на стварноста. Што би значело дека драматургијата  се гради врз анализа на дејствијата и на нејзините актанти (ликовите). Враќањето на Павлина Монтишева, долги години по егзодусот, во своето родно село Роби, е материјалот за  композициското градење на пиесата, односно градењето на наративната структура на приказната. Со помош на дидаскалиите, кои во античката драмaтургија биле израз на хорот (прилог во развојот на дејствието) можеме да кажеме дека пиесата е композициски издржана. Душан во градењето на дејствието односно во приказот, во раскажувањето на настанот, вклучува уше еден лик. Истиот го потенцира драмското дејствие, агонот.  Вториот протагонист, ликот,  го наименувал со именката Гркот. Со тоа сака да каже дека односот со Павлина, не е персонален туку општествен. Народниот гениј рекол: И змијата не треба да се тепа кога пие вода. Уште една потврда за нечовечноста, за крајната намера на Гркот, врагот во агонот. Душан Ристевски низ низа елементи користени во наративот на пиесата, подава знаци дека не му е страна античката трагедија. Знае и умее во кодирањето на реалитетот  да појде од конкретни нешта: портата на родната куќа, прагот, инконата, каменчето кое стоело во ѕидот и помагало на иконата да не се срони. Вербата во Севишниот, во Господ, во неговата справедливост, кај Душан Ристевски како и во древната драматургија е решение за секој спор, за секоја неправда.

         Павлина: …Прости ми! Дојдов да го вратам камчето онаму каде што му е местото, со години ја пазеше куќата и ги топлеше нашите срца. Тоа е заштитникот  на кровчето на прагот, зли духови да не роварат во нашиот дом… Ја сум Паља од село Роби… македонски род…

         На крајот морам да кажам: Зарем има подобар наук од пиесата на Душан Ристевски, во изборот на позиција во разговорите со Грците, околу името Македонија, околу идентитетот на Македонците, околу македонскиот јазик, околу сите научни, уметнички вредности што ги изнедрила нашата страдалница?

         Жив и здрав да си Душане и да ти се множат вакви маестрално напишани дела“.

         Изданието на грчки и на англиски јазик преку соодветни канали веќе почнува да се дели бесплатно среде Македонците од егејскиот дел на Македонија, како потсетување на тажната судбина на нивните сонародници кои оттаму беа присилно избркани. Oва издание е поставено и на бесплатно симнување од интернет на: http://www.pollitecon.com/Assets/Ebooks/The-Stone-of-Robi-Greek-and-English-editions.pdf

1Donski Александар ДОНСКИ

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top