На прво место

Киро Кипроски : Бигорската книгохранителница е чудесија

2 Kire

   

Забележано, ненапишано

Минува последната недела од велигденскиот пост, позната како Страсна седмица, востановена поради Господовите страдања претрпени за нас. Црквата пропишала строг пост, како и во првата седмица.
Во македонското милениумско древно духовно светилиште, манастирот „Св. Јован Крстител“, познат и како Бигорски манастир, монасите, заедно со монахињите од манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ од дебарското село Рајчица, метох на Бигорски, и монахињите од „Пречиста Кичевска“, со молитви ги извршуваат послушенијата за генералното чистење и декорирање на десетте илјади квадратни метри корисна површина и на отворените простори, за достоинствено и со голема празнична радост да ги пречекаат гостите и заеднички да го прославиме Христовото воскресение – Велигден, празникот над празниците, кој смртта со смрт ја победи и на човештвото радост му донесе.

Пролетта доцни по долината на реката Радика, во регионот на Долна Река, каде што во подножјето на планината Бистра, над еден милениум духовно го крепи православното население на западниот дел на Македонија, секогаш во сите времиња и невремиња, монасите со молитви успевале да ги зачуваат македонскиот идентитет и македонскиот народен и литературен јазик, во ќелијното училиште го описменувале народот, во неволјите му помагале со молитви и со добри дела, а оваа нивна благородна дејност продолжува и денес.

Монасите задолжени за сместување на гостите ни велат дека пред и за велигденските празници, леглата во манастирските конаци се пополнети. Во најтрожествената ноќ, точно на полноќ, биењето на манастирските камбани ќе го означи Христовото воскресение, а игуменот на Бигорскиот манастир, епископот Партениј, ќе го обелодени Христовото воскресение и неколку илјада грла трипати ќе изговорат: Вистина воскресна!

Пред големите црковни празници, Бигорски е во свечено руво, така е и за овој Велигден, а духовноста, барем мене ми се чини, зрачи со поинаква светост и светлина.

На пространиот чардак на Долни палат се напојувам од духовноста. Амбиентот е празничен, дишам чист планински воздух, жуборот на водите во реката Радика ме одмора, иако ги нарушува тишината и мирот. Во изминатиот половина век и повеќе, многу спомени, средби, настани, случувања, доживувања ми се врежани во меморијата. Како ревносен хроничар на Бигорскиот манастир, минатата година на патронот (11 септември) ја промовирав монографијата „Иконата на Бистра, закрилник на православието“, која ја посветив на 1.000 години Бигорскиот манастир и на 25-годишнината од возобновувањето на монашкото братство. Монографијата е нем сведок на сè што се случуваше во манастирот на духовната и материјалната обнова.
Седам на чардакот, уживам и се напојувам со духовноста, ми се појавуваат како на филмска лента многу спомени, доживувања, средби, разговори… Се потсетувам на едно од многуте поетски читања и раскажувања на поетите и литератите, учесници на 19-то издание на Галичката книжевна колонија, во август 2013 година. Поетите за монасите и за другите присутни, на чардакот читаа прекрасни стихотворби вдахновени од љубовта кон Бога и од кирилометодиевската писмена традиција, раскажуваа свои доживувања од Бигорски, кои ги преточиле во книжевни творби. Потоа ја посетија манастирската книгохранителница и на полиците од сопственото творештво наредија повеќе книги.

Прекрасна дружба и разговори литератите имаа со игуменот Партениј и со монасите.
Галичани и Бигорски имаат долга, плодна заедничка, нераскинлива соработка низ вековите, која продолжува. Најзначајно е тоа што во Бигорскиот манастир многумина галичани станаа видни духовници и преродбеници во 19 век. Меѓу нив е и Партениј Зографски, првиот словенски владика од Македонија во 19 век. За време на игуменувањето на галичанецот архимандрит Арсениј со Бигорскиот манастир беа изградени конаците и другите содржини на Горни палат и манастирската црква. Галичките ќаи и другите галичани постојано материјално го помагале манастирот – со задоволство им говореше игуменот Партениј на поетите.
На поздравот на игуменот му возврати галичанецот Тодор Чаловски, поет, ликовен критичар, претседател на Управниот одбор на Галичката книжевна колонија и организатор на поетското читање, кој му се заблагодари на игуменот за топлиот пречек и организацијата.

Колеги поети, јасно ли ви е зошто галичаните се мудри и талентирани во сите области на живеењето, големи патриоти, мислители и уметници, сликари, зографи, копаничари, книжевници, се напојувале од врутоците на Бигорски – рече Чаловски.
Со академикот Богомил Ѓузел, македонски поет, есеист, драмски писател, раскажувач и преведувач, по разгледувањето на Бигорската книгохранителница, го продолживме разговорот на чардакот, со по една чашка бигорска манастирска мастика.
Кипро, Бигорската книгохранителница е чудесија, восхитен сум од сè што видов. Како што ми објасни монахот Кирил, внатрешниот дел на книгохранителницата е решение на отец Партениј, кој не случајно се определил формата да биде трикорабна, да има иконографска претстава на Христос Седржител и Премудрост. На четирите столба се изобразени ликовите-столбови на општословенската култура и цивилизација, светите рамноапостолни учители и просветители Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски. Монахот Кирил ме удостои во рацете да ги држам и да ги разгледувам уникатните и оригиналните книги: поучната творба „Огледало“ на македонскиот преродбеник Кирил Пејчинович, издадена во Виена во 1816 год., поемата „Арматолос“ („Сердарот“) на Григор Прличев, издадена во Атина во 1860 година, реткиот примерок на црковнословенскиот месецослов, кој потекнува од времето на руската царица Екатерина Велика, отпечатен во 1793 год. Едно од првите изданија на Светото писмо на народен јазик од 1874 година, како и ракописот со невми на зографскиот јеромонах Сергиј од 1906 година. Книгите се најсилното оружје во одбраната на македонскиот јазик, македонскиот идентитет. Делата на македонските преродбеници од 19 век, црковните книги и зачуваните писма на бигорските игумени и монаси говорат дека македонскиот народ има многувековна црковна и долга историја, култура… – рече Богомил Ѓузел.

Академикот подзастана, од чардакот погледна кон манастирскиот комплекс, се подзамисли, се напи од бигорската мастика и продолжи.

Во Бигорски е собрана сета македонска историја, трезор на македонското национално богатство, фрескосликарство, икони, иконостасот во манастирската црква „Св. Јован Крстител“ е ненадминат, старомакедонската мијачка архитектура плени, конаците, манастирските ќелии. Сè што има, треба да го чуваме, одржуваме и да не дозволиме да се уништува, како што беше случај во комунистичкиот режим. Срцето ме болеше кога ја слушав страшната вест дека Бигорски е во пламен. Но разбрав дека монасите, пожарникарите и населението на Долна Река успеале да ги спречат, да ги скротат огнените јазици да не се префрлат на црквата и на иконостасот. Ова што го видов, изгорениот Горни палат е автентично обновен, се радувам што сега е и поцврст и посилен. Бигорската книгохранителница нуди одлични услови за работа, за истражување и творење, ќе дојдам на неколку дена да ја доживеам сета духовна енергија, добив инспирација за нова книга, Господ да ми дарува здравје замислата да ја остварам – со восхит и задоволство ми рече академикот Богомил Ѓузел. Со неговите поглед и мисли се согласи и неговата сопруга Лилјана Дирјан, поетеса и новинарка.

2 Kire Киро Кипроски 

Превземено од: https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/bigorskata-knigohranitelnica-e-chudesija/

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top