На прво место

3/4 од граѓаните мислат дека Македонија оди во погрешна насока

mickoski060520221

mickoski060520221

Мицкоски: 3/4 од граѓаните мислат дека Македонија оди во погрешна насока, подавам рака, да седнеме и да договориме датум за предвремени избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање кое се однесуваше на жестоките реакции на Ковачевски за најавената активна блокада од страна на опозицијата, рече дека во целото интервју на Ковачевски кое го гледал, покажува фрустрација и нервоза, а она што не го очекувал да го забележи било гневот што го има кон Мицкоски. 

Мицкоски додаде дека не знае од каде му е тој гнев лично кон него бидејќи не се познаваат лично иако Ковачевски тврди дека имале комуникација. Ја демантираше неговата изјава и го советуваше да не се служи со невистини како неговиот претходник.- Јас навистина сум зачуден од тоа што го кажа вчера, бидејќи се повикува на единство во рамките на Европа, а токму тој е факторот кој што создава неединство бидејќи јас лично и ВМРО-ДПМНЕ многу пати во минатото подадовме рака, го повикавме на дијалог, сакавме дијалог во овие кризни времиња според него и според многу други членови на неговиот кабинет од Владата, самите тие констатираа дека се кризни времињата и неколку пати апелиравме да се седне, да се разговара, па ајде чекавме 100 дена да поминат и повторно апелиравме, но некако отсуството на мудрост и државнички капацитет во владата која Ковачевски ја води а и кај него самиот, доведе да веднаш таа подадена рака ја одбие. Ние сме свесни дека сето тоа води кон поларизација и дополнително фрустрирање на граѓаните, но едно знам, дека граѓаните три четвртини од нив или 75% мислат дека оди во погрешна насока и дека оваа влада треба да си оди. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и како таква мора да мисли на граѓаните, ние сме партија на народот и така се однесуваме. И бидејќи така се однесуваме, јас можам уште еднаш да подадам рака бидејќи до десетти има уште околу четири дена, да се вразуми и уште еднаш да размисли, да седнеме да зборуваме – додаде Мицкоски.
Мицкоски понуди и четири тима за Македонија од дента кога ќе седнат до датумот кога ќе договорат предвремени избори излезе што помалку оштетена од овие кризи кои за жал оваа влада, која е полна со криминал и корупција, неспособна е и не може да ги реши.

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top