На прво место

Сајкоски: Централната власт да го следи примерот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и да почне да реализира проекти

13052022

13052022

При посета на општина Кочани денеска направиме увид во два реализирани проекти во општината кои што се значајни за граѓаните на овие населени места, улицата „Гошо Викентиев“ и „Христијан Карпош“, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски при денешната посета во општина Кочани.

Сајкоски додаде дека изминатиот период во Кочани се реализирани голем број на проекти кои што се од суштинско значење за живот на граѓаните

Изминатиот период во општина Кочани има висок степен на реализација кои што се од суштинско значење за жителите, но исто така го подобруваат и квалитетот на живот, рече тој.

Сајкоски ја повика централната влада да го следи примерот на градоначалниците и да почне да реализира проекти, порачувајќи им дека и покрај тоа што направиле одредени кадровски промени, останати се во истата матрица од претходната влада и токму поради тоа потребно е одржување на предвремени парламентарни избори.

Она што е карактеристика на сите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ е посветеност, работливост, активност на терен и реализирање на проекти кои што се ветени пред граѓаните во општините од каде што се градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Ова треба да биде добар пример за луѓето од централната власт кои што моментално немаат реализирано ниту еден проект, и кои што треба да се огледаат на нашите градоначалници, порача Сајкоски.

Иако централната власт направи некои измени во делот на кадровски промени во владата, остана во истата матрица и работи на ист начин како и претходната влада, затоа ги повикуваме на разум и на што побрзо излегување на избори за да го подобриме животот на граѓаните во државата, заклучи Сајкоски.

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top