На прво место

Средба со Унии на Ветерани од ИЕ 2 во Љубанци

1UV1 51

1UV1 51

Денес во организација на УВ на ВМРО-ДПМНЕ беше организирана средба со Унии на Ветерани од ИЕ 2 во Љубанци-Манастир Свети Јован Крстител

На денешната средба во организација на УВ на ВМРО-ДПМНЕ  од ИЕ 2 во Љубанци-Манастир Свети Јован Крстител, присатните ги поздравија Жаклина Пешевска претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и Дарко Костовски градоначалник на Општина Бутел.

Заеднички став на сите кои се обратија е:

Единствен излез од сегашната криза е Предвремени парламентарни избори се спасот за нашата заедничка Македонија!

На 18 јуни Влегуваме во конечната битка за спас на Македонија!

Нема враќање назад! ПРОДОЛЖУВАМЕ!

Обраќање на Мане Јаковлески

Браќа и сестри, добродојдовте во ова прекрасно Светилиште,

Поздрав до организаторите на овој собир и сите членови на раководствата на УВ од ИЕ 2, поздрав до членовите на ИК, УЖ, УМС, Патриотскиот институт,  Поздрав до пратениците, градоначалниците, и до сите присатни.

Браќа и сестри, на почетокот на моето обраќање да испратиме една силна подршка до Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Проф. Др. Христијан Мицкоски, кој застана на чело на партијата во многу тешко време, а како се справи, само тој си знае.

Претседателе Мицкоски, НИЕ Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со тебе продолжуваме до конечната историска битка за спас на Македонија.

Испраќаме силна подршка до пратениците за големата лавовска битка која секојдневно ја водат во Парламентот.

Ги охрабруваме градоначалниците да ги издржат притисоците и заканите кои им ги упатуваат неспособните од СДС и Мала Речица.

Браќа и сестри, Веднаш по доаѓањето на власт на СДС и ДУИ, место ветуваната правда и просперитет, прв ангажман им беше, рушење на споменици, тргање на оградата пред влада, затварање на Уставобранителите и секако „најголема работа“ која ја реализираа овие 5 години е: ја презадолжија државата, Македонија е пред банкрот.

Секој ден илјадници граѓани се иселуваат од МК, не бегаат сите заради повеќе пари, бегаат затоа што неможат да ги издржат безаконието и тортурите, бегаат затоа што ова повеќе не се издржува.

Има само едно нешто за што сакам да ја пофалам оваа Влада, а тоа е: МК е на прво место во Европа за криминал, корупција и корумпирано судство.

Браќа и сестри, Целта на оваа наша средба е да се видиме, да се дружиме и да се договориме за протестот на 18 јуни и да се потсетиме на некои настани од минатото.

Да се потсетиме на идеологот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски-бог да го прости, кој почина на 31 мај 1998г во Копенхаген, Данска.

На 31 мај (вторник) 2022 г. семејството на Драган Богдановски и УВ-Куманово, ќе го посетат вечното живеалиште на Драган во Куманово. Секој кој може да е добродојден.

Претстојниот протест на 18 јуни е еден ден по формирањето на ВМРО-ДПМНЕ на 17 јуни 1990 година, односно 32 години од формирањето. Нека е честит 32 годишниот роденден. 

Дозволетеми да го цитирам мојот драг пријател и истомисленик, членот на Претседателството на УВ Ламбе Арнаудов кој вели: Покрај тоа што Ние Македонците имаме биолошки родители-татко и мајка, имаме и идеолошки родители, а тоа е: ВМРО Ни е татко, а Македонија Ни е мајка, и заради тоа меѓу нас се ословуваме со браќа и сестри.

Затоа Браќа и сестри Унија на Ветерани, Унија на Жени, Унија на Млади, Патриотски Институт и сите кои се разочарани од оваа влада која ги распродава Македонските интереси, сплотени како никогаш до сега можеме да ја одбраниме нашата Македонија и да им ја обезбедиме иднината на нашите деца и внуци!

Само обединети, ќе им се спротивставиме и ќе покажеме дека Македонија раѓала, раѓа и ќе раѓа синови кои знаат и можат да ја одбранат!

Македонија не смее повеќе да си дозволи понижување! Македонија ни е наследство од нашите претходни генерации!

ВЕ ПОВИКУВАМ СИТЕ, масовно да го поддржиме големиот протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ на 18 јуни пред влада.

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ ги Повикува сите, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Евреи и сите други кои се дел од нашата заедничка Македонија, да ни се придружат.

На 18 јуни ќе биде еден од најмасовните протести што го видела нашата Македонија, затоа што граѓаните неможат повеќе да ја издржат оваа хаварија што ја прават СДС и ДУИ.

На 18 јуни ќе протестираме за да го сочуваме идентитетот и за предвремени парламентарни избори.

Браќа и сестри, Да испратиме порака до оваа непрокопсана влада:

18 јуни е почеток на крајот од вашето владеењето!

Готово е, ова е наша татковина а не ваша играчка.

ВИ СЕ БЛИЖИ КРАЈОТ!

ЌЕ ОДГОВАРАТЕ ЗА СЕ ШТО МУ НАПРАВИВТЕ НА НАРОДОТ И ДРЖАВАВА!

Браќа и сестри, Единствен излез од сегашната криза се избори!

Предвремени избори се спасот за нашата заедничка Македонија!

На 18 јуни Влегуваме во конечната битка за спас на Македонија!

Нема враќање назад!

ПРОДОЛЖУВАМЕ!

Вечно ВМРО-ДПМНЕ!

Вечна Македонија!

1UV1 2

1UV1 14

1UV1 25

1UV1 9

1UV1 16

1UV1 6

1UV1 20

1UV1 37

1UV1 42

1UV1 24

UV 48

1UV1 17

1UV1 32

109031

1UV1 19

1UV1 4

1UV1 1

1UV1 13

1UV1 52

1UV1 5

1UV1 33

UV 55

1UV78

2UV 5

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top