На прво место

Чист Македонски Јазик? Чиста Лага

1omd

1omd1Во изминативе денови, македонските политичари како Пендаровски, Ковачевски, Маричиќ и Османи често изјавуваат дека македонскиот јазик е чист во францускиот предлог. Ова го бројат како клучна придобивка од прифаќање на францускиот предлот. Има само еден проблем: нивните изјави немаат никаква поткрепа во текстот на францускиот предлог што се објави на веб страницата на Владата (види линк). Во однос на јазикот има само две реченици во интегралниот текст. Долу се пренесени во оригинална форма (на англиски) и со македонски превод.

ПРВО СПОМНУВАЊЕ

Bullet point 3, page 3: “Regarding the translations of the acquis into Macedonian, the EU took note of Bulgaria and ***** Macedonia’s respective unilateral declarations on the Macedonian language.”

Точка 3, страна 3: Во врска со преводите на правниот кодекс на Европската Унија (acquis), Европската Унија ги нотира едностраните изјави на Бугарија и Македонија поврзани со македонскиот јазик.

Што значи ова? Ова значи дека ЕУ направила записник дека Бугарија не го признава македонскиот јазик, т.е. дека го признава како дијалект на бугарскиот јазик. Исто така, ЕУ ја запишала (каде не се знае) позицијата на (Владата на Република ) Македонија за нејзиниот јазик. Оваа реченица на НИКОЈ НАЧИН не го признава македонскиот јазик. Бидејќи Бугарија има привилегирана позиција во овие преговори како членка на ЕУ, може да се претпостави дека и нејзината позиција по ова прашање неминовно ќе се предпочита а македонската ќе се занемари. Бугарија ќе има најмалку една декада да го погани македонскиот јазик во европските институции и да инсистира да се прифати нејзиното подло гледиште за истиот.

ВТОРО СПОМНУВАЊЕ

Bullet point 22, page 13. ***** Macedonia will need to produce translations of the acquis into Macedonian in good time before accession, and will need to train sufficient number of translators and interpreters required for the proper functioning of the EU institutions upon its accession.

Точка 22, страна 13. Македонија ќе треба да го преведе Европскиот правен кодекс (acquis) на македонски во догледно време пред нејзиниот прием и ќе треба да обучи доволен број на преведувачи и толкувачи за да се осигура правилното работење на ЕУ институциите при прием.

Што значи ова? НИШТО во однос на јазикот. Ова реченица само укажува на практичната потреба од преведување на текстот од Европската регулатива на јазикот на земјата кандидат. На никој начин не може ова да се толкува како признавање на јазик. Реченицата се однесува на обврска што ја презема Владата за превод и толкување, а не за признавање. 

Земајќи го ова во предвид, изјавите на државниот врв во врска со македонскиот јазик и францускиот предлог се лажни.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

На 7 октомври 1946 од Софија, свечено биле испратени посмртните останки на Гоце Делчев во Македонија

На 7 октомври 1946 година започнало исполнувањето на Гоцевиот завет: да почива во слободна Македонија Гоце Делчев тргна кон Македонија Пренесувањето на посмртните останки од Софија во Скопје стана историски чин на народна почит кон великанот на македонската револуционерна борба. На 7 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле предадени на македонската делегација […]

Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава

Златна фолија и гроб на воин откриени кај струшко Корошишта Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава, сведочејќи за длабоките корени на културното наследство на Македонија. На локалитетот Расница е пронајден златен наод за кој се претпоставува дека претставува погребна маска од VI […]

Најнови вести

To top