На прво место

Светислав Васев : ВМРО-ДПМНЕ е крајниот гарант и браната за македонизмот и Македонија

19013
67604
Светислав Васев : Откако го објавија Протоколот е сосема јасно зошто го криеја. 
Македонија е поразена, а Ковачевски и Османи не ставиле во подредена положба во однос на Бугарија.
Проблемот кој Бугарија го имала со нас, сега треба да биде проблем кој ЕУ го има со нас.
Од хаосот не дели само еден чекор, а тоа е промена на Устав. Која не смее да им помине.
Што содржи и што кажува Протоколот:
1. Само Македонија има обврски по основ на Протоколот.
Пример: Од учебниците во 7 одделение бришеме делови кои индицираат на неосновани територијални претензии кон Бугарија. И се обврзуваме и други такви делови во учебници каде според Бугарија имаме неосновани територијални претензии да ги избришеме.
Оттука се поставува прашањето, дали територијалните претензии кои Бугарија ги има кон Македонија и ги имала во минатото се основани, и не треба да бидат избришани од нивните учебници.
Дали со ова окупацијата за време на Балканските војни, Првата и Втората Светска војна не е окупација, туку администрација?
А тоа што се нотира дека во Пиринска Македонија има Македонци е територијална претензија.
2. Нема почеток на преговори без промена на Устав.
3. Историската Комисија е органот преку кој од година во година ќе се бугаризира државата. Ќе ги прифатиме сите бугарски тези. И во ЕУ ќе влеземе само кога ќе прифатиме дека до 1944 година Македонија била бугарска, а потоа следи период на комунистичка репресија која ги има угнетено бугарите. А оттука поминуваме на точка 4.
4. Идентитетот ни е оспорен. Крајните цели на Историската Комисија се да прифатиме дека сме составен дел од бугарската нација, а како пособен ентитет се остваруваме по 1944 година, и притисокот на Комунистите.
5. Јазикот ни е оспорен, а тука важат истите тези од точка 4.
* Овој протокол и заклучоците кои ги изгласаа во собрание се обична хартија, ако не се смени Уставот.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ е крајниот гарант и браната за македонизмот и Македонија.
Затоа и референдумот е единствено решение.
Народот ќе каже не за бугаризација.

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top