На прво место

Предавничката власт на Ковачевски дозволи понижување само за да се фотографира, евроинтеграциите се во ќорсокак

2a

2a 2

Францускиот предлог кој што го прифати владата на Ковачевски освен нивно фотографирање не отвора никакви европски перпективи за Македонија, туку носи ќорсокак.

Тоа не го говори само ВМРО-ДПМНЕ туку и експерти кои со години работат на евроинтеграциите на државата. Владата на Ковачевски прифати ултиматум кој носи две опции, едната е бесконечни преговори, а втората е асимилација по бугарски диктат.

Ковачевски, Османи и Маричиќ наместо да бидат водени од болната амбиција за власт и фотелја, требаше да работат за Македонија да важат исклучиво Копенхашките критериуми кои важеле за сите други земји.

Но, Ковачевски, Османи и Маричиќ тераа инает на народот кој над 70% е против ваквиот предлог, тераа инает со странски и домашни експерти и дозволија за Македонија да важат преседани.

Оваа предавничка власт дозволи Бугарија да диктира учебници по историја за ликови и настани кои имаат огромно значење за Македонија. Оваа анационална власт прифати да се менуваат табли пред споменици, музеи и други јавни површини.

Оваа забегана власт дозволи национално понижување, и доведување на државата во позиција на потчинетост.

Измената на Уставот кој е еден од предусловите за отворање на преговори, ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи, бидејќи таквите уцени се спротивни на европските вредности и принципи. ВМРО-ДПМНЕ смета дека суверенитетот произлегува од граѓаните и затоа граѓаните треба да бидат послушани за вака сериозни теми.

 Тоа што СДСМ бега од соочување со народот, говори само колку се тие забегани и одлепени од реалноста и интересите на сопствениот народ.

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top