На прво место

Мицкоски: Народот е тој што кажува дали се поминати црвените линии

1Hristijan Micko

1Hristijan Micko

Христијан Мицкоски: Народот е тој што кажува дали се поминати црвените линии, ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи да го штити македонскиот идентитет

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при посетата во Гевгелија, одговараше на новинарско прашање кое се однесуваше на неодамнешната изјава на Оливер Вархеи, во која рече дека делувањето на опозицијата ги преминала црвените линии. Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ мора да ги држи своите позиции бидејќи тоа е партија од народот и мора да ги штити нивните интереси.

– Македонскиот народ е жестоко нападнат од асимилаторските потреби од страна на нашиот источен сосед, односно да бидам попрецизен – од една земја членка на Европската унија а тоа е соседна Бугарија. Ние сме партија за македонско национално единство и не смееме да избегаме од тоа.

Тоа што јас го гледам на отворена сцена овие денови е обидот на власта но и нејзините инсталации во опозицијата да го нападне ВМРО-ДПМНЕ и јас морам да ја искористам оваа прилика да упатам една порака дека тоа се јалови напади кои нема да имаат успех бидејќи позади ВМРО-ДПМНЕ е народот бидејќи народот препозна чесна борба во ВМРО-ДПМНЕ. Јас ги препознав тие инсталации, ги препозна и народот и затоа тие инсталации се поразени и повторно ќе бидат поразени а истите тие сега сакаат да фатат приклучок со ВМРО-ДПМНЕ вршејќи ваков притисок, уценувајќи, мислејќи дека утре кога ќе има ВМРО-ДПМНЕ владино мнозинство, повторно тие ќе уживаат некакви привилегии и бенефити на грбот на народот. Ова е ново ВМРО-ДПМНЕ, реформирано, реструктуирано и нема да биде заложник политика на ВМРО-ДПМНЕ на овие инсталации или јас како што ги нарекувам – полусвет, сѐ додека сум јас претседател.

Или ВМРО-ДПМНЕ ќе биде партија ќе има три основни карактерни особини: чест, работа и напредок, или ќе биде партија која ќе се враќа во минатото каде ќе има сомнежи за сторен криминал, сомнежи каде ВМРО-ДПМНЕ ќе го враќаат назад и тоа сѐ ќе биде поради овие инсталации и тој полусвет кој што сака да креира политики во ВМРО-ДПМНЕ. Не!

ВМРО-ДПМНЕ е современа, европска партија која е ориентирана кон народот, кој гласачите и гласачите кои кажуваат дали некој треба да се отрезни или некој сѐ уште е пијан. Гласачите и народот се тие кои кажуваат дали се поминати црвените линии или не се поминати црвените линии. Овој пат да, морам да признаам дека во нешто се сложувам со господинот Вархеи, иако го разбирам, неговата цел не е да сочувствува со нас, неговата цел е да си ги заврши работите, а наша цел е да ги одбраниме од асимилација тие работи.

Затоа, сакам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и понатаму да го штити македонскиот идентитет бидејќи единствената црвена линија која е помината е линијата на достоинството. И нема цена, понатаму веќе нема цена, нема веќе политика, нема веќе поличка кариера, сега е моментот кога треба да се биде или не! Таа е состојбата, или македонскиот народ ќе опстои и ќе трае со векови и ќе го поврати изгубеното, или после овие обиди ќе биде трајно асимилиран. Тоа е битката на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е задачата на ова реформирано, реструктуирано и ново ВМРО-ДПМНЕ кое е подготвено да се соочи со реалните проблеми наспроти овие криминалци во владата – рече Мицкоски.

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top