На прво место

Николоски: Илинденска и Асномска Македонија се руши

Nikol1

1Nikol123

Од Мечкин Камен да го честитам големиот македонски празник 2-ри Август – Илинден.

Ако илинденците освојуваа педа по педа и во 1903-тата година и во  1944–тата година макотрпно создаваа држава гледаме дека таа држава со забрзано темпо се руши.

Илинденска и Асномска Македонија се руши.

Се рушат идеалите на сите оние кои што ги дадоа своите животи за независна и обединета Македонија. Се рушат идеалите на генерации кои што сонуваа за македонска држава, со македонски јазик како официјален јазик на истата, со македонска култура, со македонска традиција и историја, со македонски корени кои што датираат векови и векови наназад.

За жал гледаме дека една Влада предводена од СДСМ и од ДУИ ги руши овие темели и ги руши овие корени.

Но, оттука од Крушево сакам да порачам дека Македонија и македонскиот народ се многу посилни. И никакви договори, никакви попуштања нема на ниеден начин да ја променат самобитноста на македонската национална борба.

Илинденското востание е македонско, и тоа е јасно и го знаат сите, го знае цел свет. Било, е и ќе остане македонско! Исто така би сакал да се осврнам на уште една тема, гледате ние сме тука, но за жал СДСМ не успеа да се надмине себе, донесоа тука исклучиво партиски активисти. Кои што од рано утрото од пет часот ги носат со автобуси со наредба да ја расипат манифестацијата и на сите кои што не се членови на СДСМ вклучително и на бројни членови на ВМРО-ДПМНЕ им е забрането да пристапат тука, за што бевме информирани пред почетокот на оваа манифестација, всушност и на одредени луѓе кои што беа дел од оваа наша делегација им е забрането да пристапат тука, не знам од што се плашат, веројатно се плашат од народот, а гледаат веројатно и сфаќаат дури и со партиски активисти не успеаја да го наполнат Мечкин Камен, затоа што Мечкин Камен може да се наполни само и исклучиво со македонски народ кој што доаѓа со чесна мисла а не под политичка наредба.

На овој начин уште еднаш покажуваат дека се антидржавна партија и партија кој што нема допир со сопствениот народ  и која што бега од народот.

Честит Илинден!

Најново од: На прво место

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

To top