На прво место

СТРАЗБУР ЈА ПРИФАТИ АПЛИКАЦИЈАТА НА РАТКО ДИМИТРОВСКИ ЗА „ПОШТЕНСКА БАНКА”

Обвинетиот чека правда од Европскиот суд за човекови права

Уште од моментот на отворањето на случајот па до денес, во континуитет се вршат флагрантни повреди на моите права. По поднесувањето на обвинението, беа вложени сериозни приговори кои укажуваа дека обвинителниот акт е поднесен без постоење на законски основи. Откако обвинителниот акт беше потврден од судот, односно моите приговори беа одбиени, беше поднесена апликација до Судот до Стразбур, вели Димитровски.

Апликацијата до Европскиот суд за човекови права, поднесена од обвинетиот Ратко Димитровски за случајот „Поштенска банка”, преку адвокатот Петро Јанура, е прифатена.

Таа успешно ја помина првата прелиминарна фаза на испитување на допуштеност. Предметот е регистриран и проследен на понатамошно постапување.

– Апликацијата е поднесена во врска со поднесениот обвинителен акт, кој беше крајно неоснован. Уште од моментот на отворањето на случајот па до денес, во континуитет се вршат флагрантни повреди на моите права. По поднесувањето на обвинението, беа вложени сериозни приговори кои укажуваа дека обвинителниот акт е поднесен без постоење на законски основи. Откако обвинителниот акт беше потврден од судот, односно моите приговори беа одбиени, беше поднесена апликација до Судот до Стразбур. Со оглед на фактот што предметот од самиот почеток го следат контроверзи, а повредата на моите права е очигледна, очекуваме позитивна завршница – вели Димитровски.

ЕСЧП претходно ја прифати и апликацијата на гевгелискиот бизнисмен Томе Главчев, обвинет за истиот случај.

Превземено од : 

https://plusinfo.mk/strazbur-a-prifati-aplikaci-ata-na-ratko-dimitrovski-za-poshtenska-banka-obvinetiot-cheka-pravda-od-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava

Најново од: На прво место

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како инспиративна, продолжуваме со реформите

Премиерот очекува интензивирање на евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова, енергетски ефикасна детска градинка во Општина Теарце, со капацитет за 147 деца. Според него, со отворањето на објектот е надмината листата на чекање за згрижување деца во општината. […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

To top