На прво место

КОГА НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА И НЕЗНАЕЊЕТО Е МОЌ, КАДЕ Е ЖЕЛБАТА НЕШТО ДА СЕ НАУЧИ?!

299192

299192

Просто е невозможно да се проследат и искоментираат бројните конфузни и контрадикторни изјави на актуелната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска која постојано го менува мислењето за актуелните и горливи прашања. При тоа, министерката не изнесува свој личен став, ниту пак официјален став на Министерството кое го води или на партијата чиј потпретседател  е.

Стратешките дејствија на одредени центри на моќ во разнебитувањето на македонската самобитност и посебност, министерката ги дефинира само како провокација и инцидент, не сфаќајќи ја причинско-последичната поврзаност помеѓу нив. Се поставува прашањето: дали станува збор за автоцензура или цензура од повисоки инстанци иако декларативно сте против цензурата и се обидувате да промовирате слобода на говор, мисла и творештво?

Министерке, кога веќе се осмелувате да констатирате дека единаесет години за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ имало цензура на слободната мисла, мора да ви укажеме дека цензурирањето на слободната творечка мисла се случува токму во ваше време. Само за илустрација, ќе ви наведеме дека цели пет години стои неприкажана, затворена во бункер, снимената играна серија „Црвениот поет“ за поетот и револуционер Коста Солев Рацин која го опфаќа перидот на монархо-фашистичката влада на Бугарија за време на Втората светска војна.

Министерке, Вие покажувате еклатантно непознавање на квантитетот и квалитетот на севкупната македонска културна и уметничка продукција кога велите дека во периодот на владеењето на ВМРО ДПМНЕ бил снимен само еден филм со историска тематика, наведувајќи го филмот „Трето полуреме“. За Ваше потсетување во периодот од 2008-2017 година реализирани се 147 филмски проекти со финансиска поддршка од страна на Филмскиот фонд, а потоа од Агенцијата за филм, а кои третираат најразлични теми, меѓу кои и историски.

Недозволиво е еден министер за култура да кажува невистини пред јавноста, но за жал тоа е начинот на владеењето на СДСМ. Престанете со анализи на единаесетте години владеење на ВМРО ДПМНЕ. Оставете споредбата, кој како владеел, да ја направи народот согласно фактите, доказите и аргументите кои сепак, не можете да ги промените, ниту пак да ги избришете!

Имајќи ги предвид Вашите комплексни овластувања и механизмите кои Ви се на располагање, крајно време е да се фатите за работа или, едноставно, да си дадете оставка од позицијата Министер за култура!

Реакција на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ по повод вчерашното гостување на Министерката за култура на Канал 5

29903

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top