На прво место

ПРИЗНАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОА ОД РУСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Е НАЈГОЛЕМ ИСТОРИСКИ НАСТАН ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

1mpcoa1

1mpcoa1

Веста дека Руската православна црква ја призна Македонската православна црква – Охридска архиепископија како автотефална сестринска црква е од големо историско значење за христијаните во Македонија и за Република Македонија. Тоа се случи на  на 25 август 2022 година, на седницата на Светиот синод на Руската православна црква, кога  беше слушната пораката на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија –  Кирил

На 25 август 2022 година, на седницата на Светиот синод на Руската православна црква, беше разгледано соопштението на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија- Кирил дека Српската православна црква и додели автокефалност на Македонската православна црква ̵ Охридска архиепископија, како автокефална сестринска црква, објави на својата веб страна Руската православна црква.

Во текстот  се вели дека Светиот синод на Руската православна црква донесе одлука да му се заблагодари на Господ Бог што прашањето за статусот на православната црква во Република Македонија се реши врз основа на канонски принципи и да ја признае Македонската православна црква – Охридска архиепископија како автокефална сестринска црква и да го внесе името на својот старешина Архиепископот Охридски и Македонски Стефан во светите диптиси.

Членовите на Синодот, се вели во објавата на Руската православна црква изразија надеж дека Македонската православна црква – Охридска архиепископија, најмладата во семејството на автокефалните православни цркви, ќе ја одржува чистата и некорумпирана светата православна вера и верно ќе се придржува до православната канонска традиција.

Учесниците на седницата одлучија и за одлуката на Светиот синод да ги известат Неговата Светост Српскиот патријарх Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан.

Светиот синод на Руската православна црква

Треба да се одбелеши дека Москва е главен град на Русија, а воедно претставува и нејзин политички, економски, образовен и транспортен центар. Во исто време тој е културно, управно и индустриско средиште, тој е најголемиот, нај­значајниот, најубавиот, најфреквентниот и главeн град на Русија. Во минатото градот бил престолнина на Царска Русија и главен град на Советскиот Сојуз. Тој е најбројниот христијански велеград, а во исто време, поради атеизмот е најконтроверзниот центар на пра­­во­сла­вието.  Седиштето на Руската православна црква, исто така, се наоѓа во Москва. Со повеќе од 10 милиони жители Москва претставува руска убавица и најголем град во Европа

Во врска со односите на Руската православна црква и Македонската православна црква треба да се одбележи дека во мај 1962 година во придружба на патријархот Герман, со неколку епископи на Српската православна црква (СПЦ), за прв пат во посета на Македонската православна црква (МПЦ) пристигна во Република Македонија Патријархот московски Алексиј, придружуван од митрополитот Никодим, епископот Пимен и повеќе високодостоинственици на Руската православна црква. На празникот на свети Кирил и Методиј во црквата  „Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид беше одржана и архиерејска литургија, на која што служел патријархот московски Алексиј, во сослужение со патријархот српски Герман и Архиепископот охридски и митрополит македонски Доситеј. Ова беше прво сослужување на поглаварот на МПЦ со поглавари на други автокефални Цркви.

Патријархот московски Алексиј беше информиран дека Македонската православна црква (денес Македонската православна црква – Охридска архиепископија), беше формирана пред самиот крај на војната, во 1944 година во селото Горно Врановци, Велешко. Во март 1945 година во Скопје, беше одржан Првиот црковно-народен собор, на кој беше донесена Резолуција за обновување на Охридската архиепископија, како Македонска православна црква. Оваа одлука беше доставена и до Архиерејскиот собор на Српската православна црква (СПЦ), бидејќи пред војната, епархиите во делот на Вардарска Македонија беа во составот на Обединетата православна црква на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна – Српска православна црква.

Тогаш Архиерејскиот собор на СПЦ не ја прифати оваа одлука, заради тоа што во своите понатамошни барања, Иницијативниот одбор истапува со одредени редукции: наместо само како автокефална, бара да биде признаена како самостојна Црква. Но, повторно не наидува на одобрување. Во 1958 година во Охрид, е одржан Вториот македонски црковно-народен собор, каде што е прифатен предлогот за обнова на Свети-Климентовата Охридска архиепископија, олицетворена во самостојната Македонска православна црква, а за нејзин прв епископ беше избран г. Доситеј.

Инаки, Македонската православна црква во своето име ја додала додавката „Охридска архиепископија“, како директна наследничка на старата Охридска архиепископија на 12 ноември 2009 година,  Покрај додавката, МПЦ-ОА изврши и промена во грбот и знамето, односно наместо приказот на црквата Св. Богородица – Перивлепта, е ставена црквата Св. Софија во Охрид, како седиште на архиепископите на Охридската архиепископија.

Македонската православна црква ̵ Охридска архиепископија, заедно со македонскиот христијански народ со децении чекаше признавање според каноните и во име на христијанската и историската правда на Македонците. Сега се доби не само гест, туку и официјално, безусловно широкоградо признавање на автокефалноста од страна на Руската православна црква. Со тоа ќе се забрза процесот на признавање од страна на другите сестрински православни цркви, како што се покажа како потег од историско значење иницијалното признавање од страна на Српската православна црква.

Затоа, се чини дека четвртокот 25 автуст  2022 година ќе биде запишан со златни букви во историјата на Македонската православна црква (МПЦ), односно во историјата на Охридската Архиепископија, како и во историјата на македонските христијани. На тој ден Светиот синод на Руската православна црква донесе одлука врз основа на канонски принципи  да ја признае Македонската православна црква – Охридска архиепископија како автокефална сестринска црква и да го внесе името на својот поглавар, Архиепископот Охридски и Македонски Стефан во светите диптиси.

Одлуката на Светиот синод на Руската православна црква за признавање на Македонската православна црква – Охридска архиепископија ја потврди вистината дека Русија и Република Македонија се христијански земји, а Москва и Охрид се бисери на Русија и Македонија и градови на вечноста. 

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: На прво место

Кога арамијата бега и вика: „Држете го арамијата!“

Секоја власт мора да биде контролирана. Но заминувањето во опозиција не ја брише одговорноста за годините поминати на власт. Пред да делат обвиненија, од СДС треба да одговорат за аферите, неисполнетите ветувања, платените пенали и проектите што со години остануваа недовршени. Народот одамна ја препознал тактиката: крадецот бега, а истовремено вика „Држете го крадецот!“ Се […]

Мицкоски: Во недела излезете масовно и гласајте за Стојанчо Радичевски за да не дозволиме повторно да ни се случи СДС

Од завршниот митинг во Брвеница, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ повика на поддршка за Стојанчо Радичевски, порача дека политичарите треба да се оценуваат според делата и најави соработка меѓу Владата и општината за решавање на потребите на граѓаните. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, на завршниот митинг во општина Брвеница во рамките на предвремените локални избори, […]

Нов резервоар во Ростуше, обновени улици и реконструкција на спортската сала „Македонија“

Инфраструктурни вложувања, финансиска поддршка за семејствата и младите, подобри услови во училиштата и развој на туризмот се приоритетите што ги претстави градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, во отчетот за досегашната работа. Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, на прес-конференција ги презентираше реализираните проекти, активностите што се во тек и плановите […]

Како е можно невролог да препорачува хируршка интервенција во Бугарија?

ВМРО-ДПМНЕ: Барбов, Филипче и Заев да одговорат за препораката за лекување на Ива Михаилова во Бугарија ВМРО-ДПМНЕ во соопштение упатува прашања до доктор Иван Барбов, Венко Филипче и Зоран Заев за постапувањето во случајот со Ива Михаилова и за основата врз која била дадена препораката за нејзино лекување во Бугарија. Од партијата обвинуваат дека, обидувајќи […]

Мицкоски: Лага е дека Михаилова ја преминала границата регуларно – бараме да бидат вратени и таа и татко ѝ

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат заминале во Бугарија преку официјален граничен премин. Тој порача дека македонските власти бараат враќање на Михаилова и нејзиниот татко и ги критикуваше бугарското политичко раководство и македонската опозиција за нивното однесување во случајот. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ги потврди наводите […]

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“ – со посветена работа ќе им овозможиме на младите да ја градат својата иднина дома Очекувам партнерска соработка со Владата, министерствата и другите институции, особено во областите на инфраструктурата, економскиот развој, образованието и социјалната заштита. Нашата задача ќе биде да подготвуваме квалитетни проекти, да аплицираме на достапните […]

Соопштение на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова

Денеска го примив д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ме придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. Укажав на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот, како и од антисемитизам. Посетата на Треблинка, каде што биле убиени 7.144 македонски […]

И во Бугарија прашуваат дали пасошот е поважен од правдата

По текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, критичките реакции на дел од граѓаните во Бугарија отвораат нов агол на истиот случај: грижата за една државјанка не смее да ја потисне одговорноста пред законот. Во текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, „Македонска нација“ го постави суштинското прашање: дали второто државјанство треба да […]

To top