На прво место

Ковачки: Потребна е смена на оваа криминална власт

1Draga

1Dragan-1

Ковачки

Драган Ковачки, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за целата ситуација во која се наоѓа државата и посочи дека во моментот Македонија е територија која е владеана од луѓе кои се длабоко замешани во криминал.

-Ние мора да сватиме дека Mакедонија мора да заличи на држава затоа што во моментот не е држава, во моментот е територија која што на некој начин е владеана од нарко-кланови, од луѓе кои што се длабоко замешани во криминал. Па слободно можам да кажам и од убијци. Имаше неколку кои што им беа издадени пасошите во Драчево ако не се лажам.

Јас ќе потсетам тука имаше една изјава од судијката Олја Ристовска која што била надлежна за судењето на процесот „Двојник, тоа е делото со пасошите каде што самата судијка изјави дека во текот на процесот оценила дека не се презентирани сите докази презентирани, односно одредени лица се скриени, дури во својата изјава и ги именува тие лица. Но тука немаше никаква реакција од обвинителство, ниту пак од јавноста, едноставно тој случај се покри, а  беше пред месец и пол.

Сега вие имате ситуација каде што се издаваат тие пасоши, судијата ви кажува дека ете дека се кријат доказите и нема реакција. И сега вие ќе зборувате за Европа и европски вредности,

ВМРО-ДПМНМЕ било ретроградно, овие биле ЗА, тоа се смешки.

Мислам дека веќе ништо не им помага, мислам дека веќе е отидена работата, свесни се возот е тргнат надолу и подобро е да скокнат додека можат за да се спасат затоа што кога ќе оди доле нема ништо да остане од нив, рече тој.

Ковачки во текот на своето гостување зборуваше и за економската криза која владее и потенцираше дека власта не прави ништо за да се надмине кризата.

-Еве повторно една манипулација со јавноста, една неодговорна политика. Додека цел свет обезбедуваше енергенси во текот на летото, еве ќе ве потсетам Србија што прави, гледате Албанија што прави, еве Србија закупи цистерни односно танкови во Унгарија носи јаглен од Индонезија, средства набавува евтини кредити од Емиратите и така натаму. Што правеа нашите во меѓувреме, одеа во Белград на дегустација на вино и се занимаваа со распродажба на националните македонски интереси мислејќи дека тоа е полесно така и некој друг ќе им ги решава проблемите дома, кажа Ковачки.

Ковачки како резултат на сите овие проблеми го гледа во предвремени парламентарни избори, смена на оваа власт, нивна одговорност, доаѓање на власт кои што се чесни, имаат визија, знаење, кои што си ја сакаат Македонија и кој ќе го обединат народот.

-Излезот од оваа ситуација се предвремени парламентарнио избори, смена на оваа власт, нивна одговорност, доаѓање на власт кои што се чесни, имаат визија, знаење, кои што си ја сакаат Македонија и кој ќе го обединат народот, додаде Ковачки.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Најнови вести

To top