На прво место

Стојаноска: Џафери иако најави дека нема да ја кочи процедурата за Иницијативата која ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, тој втор ден по ред сеуште не ја доставува до соодветните комисии

i90daf3
i90daf3Дафина Стојаноска  

Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Аргумент плус“ зборуваше за Иницијативата која ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во Собранието за Референдум и потенцираше дека претседателот на Собранието, Талат Џафери сеуште ја нема доставено Иницијативата до соодветните комисии при што  се отвара сомнеж дека Иницијативата ќе биде отфрлена.

-Таа недоверба за отфрлање на Иницијативата е бидејќи како што јавноста знае ние во петокот официјално ја доставивме Иницијативата со Собраните преку 600 потписи иако законски беа потребни 100 потписи и тој ден во Собранието беше присутен претседателот Џафери бидејќи законот односно Деловникот вели дека после приемот на ваков документ претседателот е должен веднаш истиот да го достави до соодветните комисии, а тоа се законодавно-правната и комисијата за политички систем. И до ден денес тоа не е случено, претседателот Џафери колку што сум информирана денес не бил во Собранието  и затоа се отвара овој сомнеж, рече пратеничката.

Стојаноска во текот на своето гостување потсети дека претседателот Џафери изјави дека нема да ја кочи процедурата за целиот овој процес, но веќе втор ден по ред нема ни трага ни глас од Иницијативата.

-Иако морам да повторам нели неговата изјава  пред неколку дена, пред да биде официјално доставена нашата Иницијатива до Собранието тој изјави дека нема да ја кочи процедурата, но ете се отвара некој простор за сомнеж бидејќи втор ден би рекла дека од Иницијативата нема ни трага, ни глас  од претседателот дали ја прифаќа или не ја прифаќа или дали ќе ја достави што според Деловникот треба да го направи тоа до соодветните две собраниски комисии, додаде таа.

Најново од: На прво место

Кога арамијата бега и вика: „Држете го арамијата!“

Секоја власт мора да биде контролирана. Но заминувањето во опозиција не ја брише одговорноста за годините поминати на власт. Пред да делат обвиненија, од СДС треба да одговорат за аферите, неисполнетите ветувања, платените пенали и проектите што со години остануваа недовршени. Народот одамна ја препознал тактиката: крадецот бега, а истовремено вика „Држете го крадецот!“ Се […]

Мицкоски: Во недела излезете масовно и гласајте за Стојанчо Радичевски за да не дозволиме повторно да ни се случи СДС

Од завршниот митинг во Брвеница, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ повика на поддршка за Стојанчо Радичевски, порача дека политичарите треба да се оценуваат според делата и најави соработка меѓу Владата и општината за решавање на потребите на граѓаните. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, на завршниот митинг во општина Брвеница во рамките на предвремените локални избори, […]

Нов резервоар во Ростуше, обновени улици и реконструкција на спортската сала „Македонија“

Инфраструктурни вложувања, финансиска поддршка за семејствата и младите, подобри услови во училиштата и развој на туризмот се приоритетите што ги претстави градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, во отчетот за досегашната работа. Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, на прес-конференција ги презентираше реализираните проекти, активностите што се во тек и плановите […]

Како е можно невролог да препорачува хируршка интервенција во Бугарија?

ВМРО-ДПМНЕ: Барбов, Филипче и Заев да одговорат за препораката за лекување на Ива Михаилова во Бугарија ВМРО-ДПМНЕ во соопштение упатува прашања до доктор Иван Барбов, Венко Филипче и Зоран Заев за постапувањето во случајот со Ива Михаилова и за основата врз која била дадена препораката за нејзино лекување во Бугарија. Од партијата обвинуваат дека, обидувајќи […]

Мицкоски: Лага е дека Михаилова ја преминала границата регуларно – бараме да бидат вратени и таа и татко ѝ

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат заминале во Бугарија преку официјален граничен премин. Тој порача дека македонските власти бараат враќање на Михаилова и нејзиниот татко и ги критикуваше бугарското политичко раководство и македонската опозиција за нивното однесување во случајот. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ги потврди наводите […]

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“ – со посветена работа ќе им овозможиме на младите да ја градат својата иднина дома Очекувам партнерска соработка со Владата, министерствата и другите институции, особено во областите на инфраструктурата, економскиот развој, образованието и социјалната заштита. Нашата задача ќе биде да подготвуваме квалитетни проекти, да аплицираме на достапните […]

Соопштение на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова

Денеска го примив д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ме придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. Укажав на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот, како и од антисемитизам. Посетата на Треблинка, каде што биле убиени 7.144 македонски […]

И во Бугарија прашуваат дали пасошот е поважен од правдата

По текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, критичките реакции на дел од граѓаните во Бугарија отвораат нов агол на истиот случај: грижата за една државјанка не смее да ја потисне одговорноста пред законот. Во текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, „Македонска нација“ го постави суштинското прашање: дали второто државјанство треба да […]

To top