На прво место

Мицкоски: Скопје заслужува да биде метропола

1hristija

1hristija

Мицкоски: Скопје заслужува да биде метропола, преку советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе продолжиме да делува за развивање на Градот и решавање на проблемите на скопјани.  

Важно е Скопје да се развива, затоа поддржавме независен кандидат и во животот имате моменти кога ќе видите дека очекувањата не се такви какви што сте ги имале и тогаш патиштата може да ви се разотидат на различни страни. Важно е патот на ВМРО-ДПМНЕ да биде вистинскиот, а тоа е  Скопје да биде метропола каква што заслужува да биде. И преку советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје така и ќе продолжиме да делуваме, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со Стопанската комора одговарајќи на новинарско прашање за последните случувања поврзани со град Скопје.   

Мицкоски истакна дека што се однесува до мнозинството во Советот, ВМРО-ДПМНЕ има претседатавач таму е проф. Трајко Славески, има мнозинство, но тоа се флуинди работи, важно е политиките да се чесни, принципиелни и во насока на тоа за кое што се залагате.    

– Во еден момент ако се разотидуваат мислењата и сфаќањата не е ништо страшно да се случи тоа. Секој проект поврзан со Град Скопје и кој е во вистинска насока без разлика дали ќе дојде од мнозинството или од Арсовска, ќе ја има нашата поддршка како што беше досега. Секој проект кој ќе оцениме дека не е во насока на добри политики и развој на скопјани нема да го поддржиме, рече Мицкоски.   

Во врска со Ѓоко Велковски досегашниот генерален секретар и Златко Перински досегашен директор на ЈП Водовод и канализација Мицкоски истакна дека и двајцата се чесни и имаат недвосмислена поддршка од партијата.   

– Вистината е следна, и Ѓоко Велковски доскорешниот секретар кој денеска ја напушти таа позиција и Златко Перински имаат моја недвосмислена поддршка верувам во нивниот чесен карактер и чесно работење и тие остануваат дел од плановите на ВМРО-ДПМНЕ и во иднина.

Што се однесува до Перински можам да кажам дека постигнува исклучително високи финансиски резултати во работењето на ЈП Водовод откако е поставен. Во првиот квартал има зголема добивка, за 50 милиони денари поголема наплата и тоа се резултати за почит, јас би посакал да имам таков  соработник, а некој за жал не успева да ги искористи нивните капацитети, изјави Мицкоски.    

Во врска со набавката тој потенцираше дека тоа е набавка од 2019 година кога градоначалник бил некој друг, и дека е проект финансиран од Светска банка преку Европската инвестициона банка, позади кој стои државата со свој претставник, министерство за животна средина и од тоа што знам од страна на финансиерот сите документи се доставени без приговор.    

– Ако некој може да има толкава моќ да влијае и врз Светска банка и врз Европската инвестициона банка, јас би му честитал јавно ако е толку моќен. Јас во името на овие луѓе не гледам таков. Ова е сериозен проект и апелирам до новиот директор, да го заврши затоа што е битен за скопјани.

Скопје за жал е град кој се уште нема прочистување на отпадните води затоа имаме чувство на миризба кој доаѓа од Вардар и ќе го охрабрам да се реализира овој проект и да не пропадне како што пропадна една друга инвестиција и покрај што имавме добри намери да ја одржиме во живот.

Ги охрабрувам Арсовска, новиот секретар и новиот директор да го реализираат овој проект, изјави Мицкоски. 

Најново од: На прво место

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како инспиративна, продолжуваме со реформите

Премиерот очекува интензивирање на евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова, енергетски ефикасна детска градинка во Општина Теарце, со капацитет за 147 деца. Според него, со отворањето на објектот е надмината листата на чекање за згрижување деца во општината. […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

To top