На прво место

Стаменкоска Трајковска: Власта си прави сама пасивна блокада во Собранието

1stam3

1stam3

Стаменкоска Трајковска: Власта си прави сама пасивна блокада во Собранието со своето неприсуство на Комисии, и затоа Македонија се наоѓа во безброј кризи 

„Околу нелегитимниот премиер Ковачевски, кога тој се нафати да биде премиер на држава во која нема излезено да го праша јавно народот на избори, легитимно да добие легитимитет за неговото работење како премиер во државата, што да очекуваме понатаму? Јас само да потсетам дека тој е еден од ликовите во државата кој лажеше за неговата кратка биографија, дали тој бил на студии на Харвард.

Јас исто така имам посетувано многу обуки да кажам во светот, па зар тоа ни дава за право да лажеме дека сме биле на студии? Зар мене ми дава за право јас да кажам дека сум била на студии во Сорбона? Не! Туку чесност и принципиелност треба да биде на највисоко ниво, сепак работиме државничка работа со која имаме одговорност пред граѓаните“, истакна Бети Стаменкоска Трајковска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Стаменкоска Трајковска додаде дека од самиот почеток Ковачевски си дозволи да лаже за неговата кратка биографија. Пратеничката во текот на гостувањето се осврна и на хаосот кој што владее во Собранието.

„Кога Собранието е раководено од кадри кои хаотично го раководат истото, дали не е исправно да биде целата ситуација вака развлечена како што е. Сосема се е непрофесионално, и некадарно направено. Еве само ќе се осврнам на последните активности кои ги имаме деновиве во Собранието, се случува телефонски да ни се јавуваат дали ние ќе присуствуваме на одредена Комисија и дали ќе им правиме кворум, со  службите го прават тоа. Службите не се тие кои треба да го прават тоа. Обезбедувањето на кворум е должност на власта, сепак тие имаат мнозинство. Но, проблемите кои власта ги има измеѓу прави овие последни денови да тие воопшто не можат да си соберат кворум за работа“, појасни таа. 

Пратеничката посочи дека власта си прави пасивна блокада во Собранието со своето неприсуство на одредени Комисии и извршување на своите работни задачи. 

„Власта не може да си овозможи кворум за работа на пленарните седници за да изгласаат еден дневен ред, а не понатаму и за изгласување на одредени закони. На крајот од денот сметам дека доколку има некаква морална обврска према граѓаните кои ги бирале, сето ова лудило кое се случува навистина треба да биде сопрено заради тоа што најмногу страдаат граѓаните. Најмногу страдаат граѓаните, граѓаните денес живеат во една тешка ситуација, сите ние живееме во економска, енергетска, образовна, идентитетска криза. Значи сите овие кризи се резултат на едно непрофесионално и некадарно и невешто работење од страна на власта“, нагласи Стаменкоска Трајковска.

Таа рече дека во своето десетчасовно обраќање се осврна само на мал број проблеми и скандали кои ги има предизвикано власта.

„Ако ние ја немавме оваа власт, ако беа поинакви работите, ова дно кое денес го живееме, дно кое нема крај, немаше да постои“, појасни пратеничката.

Стаменкоска Трајковска се осврна и на бирањето на уставни судии при што нагласи дека во целата таа долга процедура поминати се само двајца кандидати кои се предложени од страна на власта. А, сега во моментов дискусијата се води околу актуелниот јавен обвинител Љубомир Јовевски.  

„Во моето десетчасовно говорење се осврнав на негде отприлика околу чинам дека беа околу некаде 213 афери, за кои јавниот обвинител нема преземено активности или дел од нив обвинение не е покренато“, нагласи таа.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top