На прво место

Мицкоски: Енергенсите што ги ставаме на располагање се два пати поевтини од тоа што владата сега го набавува и ќе се спасат многу работни места

1mi1

1mi1

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија Сител во „Тема на денот“ нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ги нуди своите контакти на Владата за набавка на енергенси за намалување на финансиските трошоци, а на тој начин не само што ќе се обезбеди поевтина струја за  стопанство,  туку ќе се спасат и голем број на работни места.

Тој нагласи дека неговиот план опфаќа понуда на контакт со кои цената за набавка на гас е двојно поевтина од цената која владата ја плаќала во јануари. Со тоа ќе се постигне поевтина цена на струјата од ТЕ ТО и нема да се покачат цените на услугите за парно на скопјани.

Според нашите пресметки а имајќи ја во предвид индикативната цена на мазутот кој што нашите позиции кои што ние ги имаме кои што сме ги стекнале во животот во Европа, без разлика дали се луѓе од бизнисот или од политиката, имајќи ја таа индикативна цена, плус овој факторинг кој  што го пресметавме, нема да надмине 200 евра за мегават час, во зависност од тоа дали ќе работи од една со две турбини и тој ќе се движи од 150 до 195 евра за мегават час. И ние велиме дека тука ќе има некаде од прилика 783 илјади мегават часови или некаде блиску 0,8 терават часови кои што се сосема доволни за бизнисот да опстои да ја помине оваа есен, и да ја помине зимата, истакна тој.

Претседателот Мицкоски вели дека доколку власта ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ тогаш ќе  успеат да заштедат 300 милиони евра пари на граѓаните, како и дека скопјани и оние корисници на БЕГ нема да плаќаат повисока цена за затоплување.

Ние велиме еве ги нашите позиции на располагање, и едните и другите, вие преговарајте, вие одредете ги комерцијалните услови, начинот на плаќање, конечната цена, но ако ги прифатите индикативните понуди без дополнителни корекции ќе заштедите најмалку 300 милиони евра пари на граѓаните, ќе им овозможите евтин енергенс на стопанството по цена на струја два пати поевтина од сега што е на берзите, а во зима може да биде од три до чети пари, а скопјани и оние корисници на БЕГ нема да плаќаат повисока цена за затоплување, дециден е Мицкоски.

Суштината е да овозможиме сите производни капацитети во Македонија во оваа кондиција да можат да работат, бидејќи владата вели дека има доволно јаглен и дека ќе работат трите блока во Битола, дека ќе работи Осломеј, дека хидропотенцијалот е на завидно и на добро ниво и во добра кондиција. Останува уште како производни капацитети термоцентралата во Неготино и термоелектраната и топланата во Скопје позната во јавноста како ТЕ-ТО . Од друга страна гледаме дека бизнисот постепено, но сигурно од и во пропаст, голем дел од комбинатите затвораат поради големите цени на енергенсите, не се рентабилни, едноставно голем број на наши сограѓани остануваат без своите работни места или ќе останат без своите работни места. Ќе потсетам дека бизнисот вработува некаде околу 680 илјади наши сограѓани.

Имајќи го сето ова во предвид, анализирајќи ја сложеноста на ситуацијата, а од друга страна гледаме дека тоа што го прави владата не води во насока на решавање или барем не води во насока на решавање со помалку потрошени пари, туку со многу потрошени народни пари. Како трет фактор е и финансиската криза која што постепено доаѓа после енергетската криза, која што ја чувствуваме ние граѓаните инфлацијата, поскапите производи во маркетите, направивме сценарио со кое што ќе му овозможиме на бизнисот да користи енергенс кој што во овој момент е најмалку два пати поевтин од цената на струјата на референтната берза со тоа што ќе биде земена во предвид цената на чинење на мазутот како енергенс за преработка во термоцентралата Неготино, плус оној дел кој што служи за преработка кој што треба да го земе централата бидејќи таа прави услуга го преработува мазутот и произведува струја, вели Мицкоски.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top