На прво место

ПОМЕН ЗА ВЕЧЕН СПОМЕН НА 1295 ЗАГИНАТИ МАКЕДОНЦИ ОД ВАРДАРСКИОТ БАТАЛЈОН ВО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА ВО КОСТОЛАЧКА КОСА

310684829 8113178578756610 2870345867694060860 n
   310684829 8113178578756610 2870345867694060860 n        309632
                                         МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО СРБИЈА
3 октомври 2022 година, Пожаревац, Србија
– Во организација на Македонското здружение “Кочо Рацин“ од Белград викендов во месноста Костолачка Коса, во дворот на српската православна црква “Свети Ѓорѓи“ кај Пожаревац, се одржа традиционалното чествување Помен за вечен спомен на 1295 загинати Македонеци од Вардарскиот баталјон во Првата светска војна.
– Секоја година Македонците во Србија го одбележуваат настанот од 1915 година на местото каде загинале голем број Македонци од Вардарскиот баталјон. Се потсетуваме на нивните храбри срца и евоцираме спомени од тие времиња, – изјави претседателката на Македонското здружение “Кочо Рацин“ од Белград, Лидија Демниева.
За време на Првата светска војна, Кралството Србија извршило мобилизација на Македонците на територијата на денешна Македонија, од кои е формиран и Вардарскиот баталјон, со вкупно 1300 борци од Тетовско, Гостиварско, Кумановско, Поречието и од Кривопаланечкиот и Кратовскиот регион. Од нив во борбите со австро-унгарската и германската војска, борејќи се во рамки на српската војска, загинат е речиси целиот Вардарски баталјон или вкупно 1295 војници, од кои – 473 во борбите за одбраната на Белград и Смедерево, 627 војници загинале на Костолачка Коса, 60 ги загубиле животите при повлекувањето на српската војска кон Албанија, каде загинуваат уште 60 војници, со што Првата светка војна ја преживеале само пет Македонци припадници на оваа единица.
Македонската заедница во Србија под претседателство на Гојко Илиевски повторно ја актуелизира иницијативата поднесена до надлежните српски власти да се подигне споменик за сите паднати 1295 Македонци од Вардарскиот баталјон.
– Тој споменик би требало да се подигне во село Петка, кое се наоѓа недалеку од овде, каде што има веќе споменик за паднатите борци, но од српска националност. Ние бараме тоа да се официјализира и да се направи и за Македонците од Вардарскиот баталјон. Се надеваме дека Владата на Република Србија и Министерството за култура ќе ни овозможат тоа да се реализира, – изјави Демниева.
На одбележувањето и полагањето свежи венци присуствуваше и претседателот на пожаревачката Градска општина Костолац, Серџо Крстаноски и делегација на Македонската амбасада во Белград, предводена од в.д. амбасадорот Михаела Веселинов.
Нека Господ Бог ги насели душите на загинатите Македонци од Вардарскиот баталјон кои загинале во Првата светска војна во Србија во Царството небесно каде што почиваат душите на праведниците. Вечна им слава и памјат.
Светскиот Македонски Конгрес го поддржува одржувањето на ова традиционално чествување во Србија.
1odor Тодор Петров

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top