На прво место

Шпионски игри

1881477935

1881477935 Шпионски игри

Александар Николоски : Колумна на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за Фокус. 

Изминативе месеци се случува силна битка во рамки на безбедносните структури во Македонија. Таа битка не е целосно позната на јавноста од две причини , прво економската криза како и односите со Бугарија се толку големи теми што не оставаат простор за други теми и второ безбедносните структури и служби по правило се подалеку од очите на јавноста. Но под површината битката е многу силна, многу интензивна.

За жал Македонија има неславна историја со безбедносните служби кои скоро и да нема Влада до сега која не ги злоупотребувала. Најчесто се работи за следење на политичкиот противник, прислушување, како и притисок врз бизнисот. Ниедна од овие три не е опис и попис на работата на службите, но досега често се случувале, односно многу често и АНБ ( поранешна УБК) како служба свртена кон внатре во државата и АР како служба која работи надвор од државата се злоупотребувани во лични, партиски и бизнис интереси.

Сепак она што е феномен на најновиот судир е дека тоа е судир во рамки на власта и во рамки на една политичка партија- СДСМ. Барем досега службите без разлика на кого служеле и како биле злоупотребувани покажувале монолитност. Овој пат не е така. Постојат најмалку три фракции во рамки на СДСМ кои се борат за превласт. Две се насочени кон АНБ (УБК), а третата е кон АР. Онаа кон АР е блиска на Стево Пендаровски што е и разбирливо имајќи предвид дека Претседателот именува директор на АР. Скоро и да не е тајна дека Агенцијата за разузнавање е во судир со многу луѓе од СДСМ кои се дел од безбедносниот свет.

Вториот судир е за контрола на АНБ. Реформите на АНБ кои се предвидени со законот за трансформација на УБК во АНБ од 2018 и кој закон го подржа и ВМРО ДПМНЕ во надеж дека ќе се спроведе и конечно ќе дојде до реформа во “тајната полиција”, останаа само празно слово на хартија затоа што не се спроведоа во пракса. Службата остана партизирана и во корист на власта, без разлика што промени име, не промени ништо друго. Дури и физички сеуште е во рамките на МВР иако законот е јасен дека мора да се одвои од МВР за да нема политичко влијание.

Во моментов две крими крила во СДСМ се борат за превласт во АНБ. Според мене ова е најинтензивниот судир во тајните служби во Македонија од самостојноста до денес. Зошто се борат за превласт? За да можат да ги заштитат сега додека се на власт и да им ги покријат трагите за криминал, па така се случи кадарот на СДСМ, Виктор Димовски кој што од СДСМ беше предложен и стана директор на АНБ и од СДСМ сега е предлог за амбасадор во Франција да предложи кандидат за директор за внатрешна контрола што по сила е втор човек во АНБ.

Согласно законот тој предлог треба да оди пред соодветната собраниска комисија и соодветната собраниска комисија да даде или да не даде дозвола секако откако ќе се расправа за предлогот. Пратениците од СДСМ ја бојкотираа комисијата односно воопшто не се појавија и не дојдоа на расправа што само говори кој е нивниот став во однос на предлогот и јасно оцртува две крила кој што ги има во разузнувачката заедница блиски до едни или други структури во рамки на власта и во моментот постои нескриена битка во рамки на власта за наследник на Виктор Димовски односно за директор на АНБ.

Тука има и друго прашање, зошто 14 месеци ова место во АНБ стоело празно, не се пополнило и зошто баш сега се дава предлог и како функционирала Агенцијата за национална безбедност без соодветна внатрешна контрола, но и се поставува прашањето од каде толку енергија за судир во разузнувачкиот свет внатре во власта и зошто е толку атрактивна Агенцијата за национална безбедност и одговорот е само еден, дека има сериозна намера да се злоупотребува работата на АНБ.

Расчистувањето со злоупотребата на тајните служби е основа за демократизацијата на Македонија. После огромниот скандал со прислушувањето поради кој падна претходната Влада оваа Влада на СДСМ имаше историска шанса да ги реформира службите, но останаа обземени од моќта на злоупотребата на истите. Не мора човек да е пророк за да сфати дека и првенците на СДСМ кои сега се борат за превласт во АНБ и Пендаровски со злоупотребите на АР ќе завршат многу лошо со своите кариери, веројатно како последно предупредување до следната Влада која ќе биде предводена од ВМРО ДПМНЕ дека реформите мора да се спроведат и тајните служби да се реформираат и да се остават да го работат тоа за што се наменети- заштита на уставниот поредок, мирот и благосостојбата на државата. 

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top