На прво место

ВМРО-ДПМНЕ нуди 5 конкретни мерки – Власта доколку престане да краде ќе има пари да им помогне на граѓаните и стопанството

2a

1vmro3

Мерките кои ги нуди владата се гол маркетиншки трик. Тие ниту се навремени, ниту се таргетирани, ниту се решение за проблемите. Тие се само купување на време, додека кризата метастазира.

Овие идеи на владата не даваат одговор на енергетската криза која веќе создава економска и социјална криза, и е клучниот фактор за инфлацијата и пропаѓањето на стандардот и економската активност.

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ како државотворна партија нуди пакет од 5 конкретни мерки кои треба да им помогнат и на граѓаните и на компаниите.

Прво, предлагаме ноќните вишоци и вишоците на произведена струја од ЕЛЕМ во текот на викендите да се понуди на домашното стопанство. Досега владата го продаваше преку матни зделки на трговци при што таквите трговци ги полнеа џебовите на сметка на македонските компании и граѓани.

Второ, Владата да покрие половина од разликата меѓу цената на струјата која ја плаќаат компаниите и цената на регулираниот пазар. На овој начин со отприлика 50 милиони евра ќе се заштитат илјадници работни места кои висат заради неликвидноста на компаниите.

Трето, за граѓаните да се воведе викенд без ДДВ за основните прехранбени производи. Претпоставуваме дека Ковачевски знае што се основните прехранбени производи и знае дека нив граѓаните најмногу ги купуваат и тие се покачени од 50 до 100%. Со оваа мерка директно ќе се заштити стандардот на граѓаните.

Четврто, одложување на воведувањето на скалесто оданочување кое го планира власта. На овој начин ќе се заштити не само стандардот на населението, туку и ќе влијае врз ликвидноста на фирмите.

Петто, да се обезбедат повеќе свежи пари за стопанството преку дестерилизација на благајничките записи во Народна Банка. Со ова ќе се помогне да се зачуваат многу работни места и нема да се дозволи затворање на фирми. Да потсетиме дека за година дена се затворени 12 илјади компании што преставува црн рекорд за Македонија.

Очекуваме власта да ги земе предвид овие конкретни мерки кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ. Самобендисаноста на владата досега само произведуваше кризи. Заради нивната неспособност Македонија има најниско ниво на раст на БДП, најголема стапка на инфлација и забрзан раст на сиромаштијата.

Власта само треба да престане да краде и ќе има доволно средства да ги менаџира предизвиците и проблемите на граѓаните и стопанството.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top