На прво место

Јавното обвинителство да се одважи и да отвори случај аферата Броило на Ковачевски од 26 милиони евра

1VMROnova

1vmro4 2

Кога веќе Антикорупциска реши да биде адвокат во одбрана на криминалот на Ковачевски, тогаш Јавното обвинителство да се одважи и да отвори случај за аферата Броило од 26 милиони евра.

Јавното обвинителство не смее да замижува пред фактите за криминалното здружување на соларниот картел предводен од Димитар Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов преку кој црпеле милионски суми државни пари додека граѓаните едвај преживуваат.

Не може за обвинителството да молчи пред фактот дека овие пари соларниот картел ги заработил најмногу во периодот откако Ковачевски е функционер и во центарот да биде токму Пиксел груп, фирмата во која тој е еден од основачите.

Ковачевски и неговиот кум Паунов ја формирале Пиксел груп откако СДС доаѓа на власт и истата од 2019 до 2021 година добива над половина милион евра државна помош. И за да биде криминалот очигледен половина од времето Ковачевски е на функција.

Воедно над 200.000 евра се земени во периодот кога Ковачевски е мандатар за состав на нова влада.

И тука не запрел овој соларен картел со црпењето државни пари. КМГ ЕОЛ Квазар, фирма основана од кумот на Ковачевски добила речиси 2 милиони евра за тендери за поставување на фотоволтаични панели и тоа баш произведени од Пиксел груп, основана од Ковачевски и неговиот кум.

Не може да биде случајно фирмата на кумот и ортак на Ковачевски да склучи и договор за монтирање фотоволтаични панели од над 2 милиони евра, баш кога тој е заменик министер.

Сепак, дека без осет црпеле државни пари, покажува и фактот дека откако Ковачевски станува премиер фирмата која тој ја основал се заортачува со бугарска компанија и заедно градат фабрика во ТИРЗ Тетово во вредност од 54 милиони евра.

Поочигледен случај за криминал, злосторничко здружување и тргување со влијание, обвинителството и не може да најде. Се што треба е да собере храброст и да отвори случај за соларниот картел предводен од Ковачевски.

26 милиони евра се украдени од граѓаните во аферата Броило, пари кои можеле да се наменат за помош за граѓаните кои не знаат како ќе си ги платат сметките. Затоа ЈО не смее да молчи пред фактите и да застане во одбрана на криминалот. Одговорност мора да има!

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top