На прво место

Мицкоски : наместо арогантно да ја одбива подадената рака од вмро-дпмне, требаше да размисли колку е важна поддршката на вмро-дпмне без која се тотално неуспешни

1hrist4
hristijan 1
Мицкоски за повикот на Османи: Доцнат како и обично, требаше да не викнат и да направиме стратегија пред да ги потпишат капитулантските договори
„Како и обично, доцнат едно две три години во своите намери. Требаше пред да ги потпишуваат овие капитулатнски договори да седнеме на маса“, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање за коментар околу предлогот на министерот за надворешни работи Бујар Османи за нов рамковен договор за ЕУ.
„Ние повикувавме, се сеќавате, јас повикав 5 тима да се формираат, да седнеме и да направиме стратегија и врз основа на таа стратегија понатаму да делуваме. Ние и покрај тоа гледате еден од тимовите е веќе ефективен, овој кој што помага во економијата, во енергетиката и покрај што тие тогаш надмено одбија, неодговорно, незрело би рекол. И сега еве со огромно задоцнување повторно нешто се нуди зашто се нема концепт јасен. Претпоставувам дека тоа е обид за дефокус од одговорноста која што се бара од неговата партија за министерот за надворешни работи. Да почекаме да видиме како таму ќе се развиваат работите, па дури потоа ќе можеме да говориме за некакви планови во иднина, истакна Мицкоски.
Тој исто така додаде и дека власта наместо арогантно да ја одбива подадената рака од ВМРО-ДПМНЕ, требаше да размисли колку е важна поддршката на ВМРО-ДПМНЕ без која се тотално неуспешни.
„Она што можам да го заклучам како одговор на ова прашање е дека доцнат, многу доцнат и наместо она надмено исфрустрирано одбивање кое што го направија кога ние подадовме рака требаше да размислат дека е потребно ВМРО-ДПМНЕ затоа што неможат да опстанат без ВМРО-ДПМНЕ и тоа се гледа. Без поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за жал тие се и така неуспешни, но вака се уште повеќе неуспешни“ потенцираше Мицкоски.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top