На прво место

Петрушевски: Луѓе блиски до Спасовски кријат милионски имот

afera-tajni-imoti-1

afera-tajni-imoti-1

Петрушевски: Луѓе блиски до Спасовски кријат милионски имот, УЈП да отвори постапка за сите функционери дали за имотот платиле данок

Аферата тајни имоти се врти и околу луѓе кои се исклучително блиски и со министри во владата на дезертерот Ковачевски.

Денес ќе обелодениме нови детали и имиња на функционери именувани од власта кои не поднеле анкетни листови, односно не се регистрирани на страната на ДКСК.

Добрин Петрушевски член во УО на ДСУ Киро Бурназ од Куманово. Петрушевски не доставил анкетен лист. A Добрин Петрушевски и е познат на македонската јавност, по тоа што тој е сопственик на бензинската пумпа Пин Петрол на површина од 8.000м2 во Куманово, а ја гради со фирма која од основањето до градењето на бензинската станица не пријавила никакви приходи, ова беа информациите објавени во медиумите, а кои не беа демантирани. Фирмите на Петрушевски поседуваат и станица за технички преглед, за која добил пак лиценца од министерот за внатрешни рабори Спасовски, каде неговиот син беше советник за комуникации.

Симптоматично е што на отворањето еден од првите гости беше токму Оливер Спасовски со неговата сопруга.

Дали овој огромен имот е стекнат и со судир на интереси и злоупотреба на влијание, поради тоа што таткото добива лиценца од институцијата во која што е вработен синот?

Дали Добрин Петрушевски не поднел анкетен лист затоа што крие дел од овој имот и дали можеби има и друг имот кој не сака да биде виден од јавноста?

Втор функционер кој ќе го обелодениме денес, а не поднел анкетен лист, односно не е регистриран на страницата на ДКСК е Димитар Џеков, член на Надзорниот одбор на М НАВ, кој покрај голем имот во Скопје е основач и на приватната фирма Друштво за управување со приватни фондови АЛСАР ФИНАНСИСКИ ИНОВАЦИИ ДОО Скопје, и вози теренско возило Тојота РАВ4.

Што крие Џеков, и зошто не поднел анкетен лист?

Имот крие и Маја Ковачева, член на УО на ФЗОМ, која исто така не поднела анкетен лист, ниту Ќамиле Асани член на Управен одбор на Болницата во Кичево.

И во услови кога имаме систематско криење на имот, наместо санкции од институциите, имаме амнестија од ДКСК, кои наместо пријави до сите, се обидуваат да ги оправдаат дека не ги внеле во систем зошто внесуваат рачно, а во исто време излегуваат функционерите и признаваат дека не поднеле анкетни листови, како што беше примерот со адвокатот Јевтиќ и Алберт Муслиу.

Од друга страна Ковачевски наместо да ги разреши повикува само на нивна прекршочна одговорност.

Со односот на ДКСК и Ковачевски кон функционерите кои не ги почитувале законите и криеле имот, се покажува само дека и тие се соучесници во целиот процес.

Поради целиот однос на институциите кон случајот основано се сомневаме дека се крие имот и ја повикуваме УЈП, да постапи според Законот за личен доход и да утврди дали за имотот кој го поседуваат функционерите кои кријат имот платиле данок.

Според чл.76 од Законот за личен доход кога лице поседува имот или располага со средства поголеми од оданочените, кои потекнуваат од

доход на кои не е утврден данок или не е доволно утврден и чие потекло не може да се докаже, органот за јавни приходи донесува решение за утврдување на данокот на тој доход. Во тој случај според чл.77 основа за пресметување на данокот претставува разликата меѓу вредноста на имотот и докажаната висина на средствата за негово стекнување. А даночната стапка според чл.78 е 70%.

Законите мора да важат за сите.

И за крај повторно прашуваме, дали Ковачевски и самиот крие имот, и затоа ги штити функционерите кои истото го правеле, а за кое имаме и признанија?

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top