На прво место

Мицкоски по лидерската средба: Власта нема мнозинство за уставни измени

1Hristijan Micko
hristijan 3
Мицкоски по лидерската средба: Власта нема мнозинство за уставни измени, ајде да го распуштиме парламентот и да одиме на предвремени парламентарни избори

Претпоставувам пред мене тие што беа генерално го објаснија духот на средбата денеска, но јас ќе кажам како ние ја видовме оваа средба.

Најпрвин жалиме што кај Владата и кај мнозинството нема доволно слух за реалните проблеми на граѓаните, па на оваа средба не се разговараше на пример за денешниот податок кој што излезе, а тоа е 20% инфлација или пак за 31% зголемени цени за храната и безалкохолните пијалоци. Тоа се суштинските проблеми што ги мачат граѓаните, како ќе ја поминеме оваа зима, со кои предизвици ќе се соочиме, каква е подготвеноста на владата.

Тоа се оние реални за кои што треба да се разговара на едни вакви средби на кои што се политичари кои што носат одговорност и кои што треба да им помогнат на граѓаните и да разговараат за тие теми.

За жал денеска мнозинството ја пропушти оваа можност и бидејќи ја пропушти оваа можност единствената тема која што беше во нивен фокус е тоа што нив ги интересира за дефокус на ова се каде што се тие неуспешни, а тоа е таканаречените уставни измени под превезот на некаква си европска иднина која што многупати во минатото самите тие ја погазија.

Од она што можам да го заклучам, а тука се и останатите претседатели на политички партии кои што се дел од коалицијата парламентарна, тука се Иван Стоилковиќ и Љупчо Димовски дека мнозинството нема мнозинство за уставни измени.

Нема мнозинство за уставни измени и водејќи се од овој заклучок логичен слет на настаните е парламентот да се распушти, да формираме техничка влада и да одиме на предвремени парламентарни избори.

Тоа беше и од наша страна побарано, денеска на денешниот состанок, откако стана очигледно дека немаме мнозинство кое што би гласало за, еве, евентуални уставни измени кои што ги предлага владиното мнозинство.

Констатиравме и дека ова е задоцнета средба и дека консензус, консултации со парламентарни политички партии се прави пред да се носат одлуки. Вака, пост фестум консултации се непотребни, фрустираат и само за да не бидеме прогласени како коалиција која што, еве е антидржавна, неконструктивна и е спротивна на иднината на државата.

За тоа се одваживме и дојдовме денеска, свесни при тоа дека можеби нема да разговараме за она што ги мачи граѓаните и дека нема да има никаков резултат од денешните средби, иако, морам да кажам дека помалку комично делуваше еден документ кој што беше поделен на крајот од средбата, кој што требаше да бидат некакви си заклучоци кој што го одбивме и воопшто не сакаме ни да го коментираме, бидејќи самото тоа не е европски чекор, еве ви заклучоци да се сложиме и да ги усвоиме овие заклучоци.

Но, кога веќе сме кај заклучоците, сакам да потврдам дека пратеникот и претседател на Демократски Сојуз, Павле Трајанов денеска предложи да излеземе од оваа средба со заклучок каде што ќе побараме од бугарската Влада да го признае македонското малцинство во Бугарија и при тоа, да ги признае правата кои што се резултат на пресудите на Судот за човекови права во Стразбур.

Јас лично го поддржав овој заклучок и жалам што останатите кои што се дел од владиното мнозинство не успеа да се надминат и да го поддржат овој заклучок и да излеземе со еден заклучок еден заеднички и да го поддржиме нашинците од тој дел на границата. Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ го поддржа пратеникот Павле Трајанов и претседател на демократски сојуз но очигледно дека во владиното мнозинство немаше слух за такво нешто.

Така што да заклучам, мнозинство за уставни измени нема, логичен слет на настаните е организирање на предвремени парламентарни избори.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top