На прво место

Ковачевски и Зечевиќ за директор на АНБ го назначуваат Зарко Милошевски со чиј потпис Онишченко доби македонско државјанство

vmro 2

1vmro1 1

Ковачки: Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ за директор на АНБ го назначуваат Зарко Милошевски, човекот со чиј потпис Онишченко добива македонско државјанство.

Документот кој е објавен на социјалните мрежи покажува дека Зарко Милошевски го дал позитивното мислење како последен во постапката за проверка на безбедносни пречки. На овој документ Милошевски е потпишан како овластено лице кое одобрило Известување до Секторот за управно надзорни работи, дека не постојат пречки од безбедносен карактер за Онишченко да добие државјанство.

Зарко Милошевски е клучна алка за Онишченко да добие државјанство.

Ова одобрение е издадено на 03.03.2022 година, во време кога премиер е Ковачевски.

Овој предмет чекал повеќе од 9 месеци на одобрување во време кога премиер е Заев, а се решава само за 3 месеци откако доаѓа Ковачевски.

Кој е интересот на Ковачевски за давање на државјанство на Онишченко, и дали Зарко Милошевски е поставен за директор на АНБ како награда или за да молчи за одредени процеси?

Треба ли Зарко Милошевски да молчи зошто му е дадено државјанство на Онишченко и да ги прикрива своите шефови Ковачевски и Зечевиќ или треба да биде главен актер при давање на нови државјанства на сомнителни ликови од Далечниот Исток?

Зарко Милошевски е дел од луѓето на Зечевиќ. Но, дали истиот е и дел од планот на Артан Груби и Миле Зечевиќ за давање на 20-тина македонски државјанства на лица од Сингапур, Хонг Конг, Тајван и други држави од Далечниот Исток преку Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово?

Според планот на Зечевиќ и Артан Груби, во Македонија постои можност државата да додели државјанство на странски лица поради постоење на посебен економски интерес од истите во вид на инвестиција вредна над 400.000 евра. Врз основа на вакви инвестиции Милошевски треба да потпише над 20-тина државјанства на луѓето од Далечниот Исток, а правен застапник на истите да биде адвокатската канцеларија на Миле Зечевиќ.

Практично државјанствата на луѓето од Далечниот Исток ќе бидат исплатени.  Тука се поставува прашањето дали во форма на адвокатски услуги ќе се плаќа провизијата за услугите пружени од АНБ и дали низ вака разработена шема треба да се одглават и над 3000 барања за македонско државјанство кои стојат во фиока, а за кои алармираат структурите на ДУИ?

Па од тука јасно е зошто за Зарко Милошевски постои консензус меѓу СДС и ДУИ.

Наместо безбедносните служби да бидат во функција на безбедноста на државата, СДС и ДУИ ги упропастија и истите ги користат за свое лично богатење.

Линк од видео материјал

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top