На прво место

Попов: Младите масовно се иселуваат поради корупција и поради истата си ја оценуваат државата како маќеа

1vmro1 7

1vmro1 7

„2022 година е генерално година на стагнација за младите. Надежна година е само низ призма на локалната власт која е главно водена од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи таму некој работи поинаку“, рече Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија 24.

„Оваа година би ја оценил како поразителна, а ние младите сме иднина на државата и фокусот требаше да биде ставен на нас“, рече Попов.

Попов се осврна и на европската интеграција на државава.

„Ние како партија сме за ЕУ, но ние патот не го гледаме како актуелната власт, ова што се бара од нас е поразително, мислам на Бугарија и барањата, како и уставните промени. Ние сакаме во ЕУ како Македонија, а не само да даваме сантим од чергата“, посочи Попов.

Попов се осврна и на темата корупција, која е еден од најголемите проблеми со кои се соочува државава.

„Секој четврти млад човек вели дека се сели поради корупција. Изминативе години тонеме на секое мерење на секој меѓународен фактор. На пример, на мерењето на ИРИ и прашањето – дали има владеење на право млади на возраст од 18 до 35 години 61 велат не, 46 проценти на млади се изјасниле дека се живее полошо од лани, а 45 проценти исто, или значи дека 91 процент од младите ситуацијата во државава ја оценуваат како катастрофална. Ова се работи кои треба да ја удрат Владата во глава бидејќи таа ја има полугата да се бори против корупцијата. Ова се податоци кои кажуваат дека младите масовно се иселуваат и оти поради корупцијата државата си оценуваат како маќеа“, посочи Попов.

„ВМРО-ДПМНЕ во сите свои програми и во целото свое делување е насочено во борбата против корупцијата. Она што моментално можеме да го правиме како опозиција е да ги спречуваме сите оние кои што сметаме дека се штетни закони на ова поле во Парламентот на Република Македонија. Исто така наша задача која што исто така ја правиме како опозиција е да ги обелоденуваме сите коруптивни скандали на власта“, истакна Попов.

Попов додаде дека граѓаните нема да нудат мито кога нема да им биде потребно врска на секој шалтер во државата, кога нема да биде навлезена корупцијата во секоја пора во општеството.

Тој посочи дека е време институциите да си ги засукаат ракавите и да почнат да работат.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top