На прво место

Николоски: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, цврст и непоколеблив, овој парламентарен состав нема мандат за уставни измени

1nikolo3

1nikolo3 Николоски

„Нашиот став е јасен а тоа е дека сме против уставни измени, еве нека ги поднесат во Собрание и ќе видат како ќе поминат. Апсолутно ставот на ВМРО-ДПМНЕ е ист и е непроменет, како раководство покажавме дека имаме конзистентен став кој не го менуваме секој ден како што тоа го правеле некои претходно или го прави актуелната Влада. Ставот е јасен, цврст и непоколеблив а тоа е дека овој парламентарен состав  нема мандат за уставни измени и никој од нас на изборите во 2020-та година не вети дека ќе прави уставни измени“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа.

Тој истакна власта да закаже предвремени парламентарни избори и нека каже кој за што е на тие предвремени парламентарни избори па да видиме дали народот ќе даде поддршка за тие уставни измени.

„Во исто време ВМРО-ДПМНЕ има сериозен план како  да ја однесе Македонија до почеток на преговори и преговори за членство со Европската Унија. Тој план има 3 столба, тие се Национален, Политички и Финансиски столб. Националниот  се однесува на национално издигнување на македонскиот народ, политичкиот е во насока на заштита на македонскиот идентитет и македонскиот јазик и финансискиот е пред се напредок и бенефит на граѓаните во она што ги интересира а тоа е подобар животен стандард“, посочи Николоски.

Николоски е дециден дека трите столба на планот кој го имаме водат до почеток на преговори со Европската Унија и до успешно водење на тие преговори.

Тој рече дека за да се реализираат овие три столба потребно е прво да се случат предвремени парламентарни избори на тие предвремени парламентарни избори ние детално ќе ги презентираме овие позиции кои сега ги споменувам и ќе направиме една детална презентација на целокупната идеја на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како што е јасно дека една од причините поради која Македонија не почнува почеток на преговори секако е тоа што Бугарија се противи на таа работа,  но втората причина е високото ниво на организиран криминал и корупција. Постојат неколку исклучително моќни земји членки на Европската Унија кои се против почеток на преговори на Македонија со Европската Унија не заради бугарските условувања, не заради грчките условувања претходно туку затоа што сметаат дека во Македонија има превисоко ниво на криминал и корупција истото што го гледа и смета народот. Овие држави сметаат дека Македонија не е спремна да почне преговори за членство во Европската Унија заради високото ниво  на криминал и корупција“, изјави Николоски.

Николоски потенцираше дека ниедна од овие моќни држави не врши никаков притисок на Бугарија.

„Врз Бугарија нема никаков притисок по однос на уцените кои ги прави врз Македонија, а тоа е пред се затоа што моќните земји членки сметаат дека Македонија не е спремна за почеток на преговори за членство со Европската Унија и ја оставаат да прави што прави затоа што мислат дека државата не е спремна“, рече Николоски.

Николоски кажа дека кога Македонија би се изборила со криминалот  и корупцијата и би поставила добри стандарди тогаш ќе се види како ќе се сменат работите и како ќе се смени притисокот врз Бугарија затоа што да не се лажеме ние немаме проблем со најсилната земја членка на ЕУ, туку имаме проблем со најслабата земја членка на ЕУ.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top