На прво место

КОМИТСКА ВЕЧЕР ВО МПЦ „СВ. ИЛИЈА“ ВО МИСИСАГА-КАНАДА

1misis

1misis

Управата на Македонската православна цркова “Свети Илија” во Мисисага, на 22 април 2023 година, со почеток во 19.00 часот ја организираше традиционалната Комитска вечер во чест на сите загинати борци за слобода на Македонија.

1misis123

За расположението на вечерта, со македонски песни и ора, се погрижија естрадните уметници Соња Лозановска и  Анета Наковска, придружувани од „Оливер бенд“ и Стив, како и талентираните фолклористи на  групата “Илинден“. 

Мисисага е убав и современ град кој е сместен на западната страна од Интернационалниот аеродром „Пирсон“ од Торонто. Градот Мисисага игра значајна улога во економскиот живот, како центар на лесната индустрија и место за голем број други современи објекти. Во тој современ конгломерат Македонците нашле свое место каде ја формираа третата македонска православна црква во Канада, „Свети Пророк Илија“, која им служи на македонските доселеници во западниот дел на Торонто.

1misis1234

Инаку,македонската православна цркова “Свети Илија” во Мисисагаигра значајна улога  во црковно-националниот живот на Македонците од сите делови на етничка Македонија. Темелите на оваа македонска православна црква беа поставени на новата локација на 7-ми септември 2002 година, а изградбата заврши 2004 година. Во закрила на црквата активни се женската секција, црковниот хор, неделното училиште со настава на македонски јазик, клубот на пензионерите, како и фолклорната група „Илинден“. Секоја година црквата „Свети Илија“ учествува на повеќе градски културни настани.

1misis12

Комитската вечер на која присуствуваа неколку стотини Македонци од Мисисага и Торонто, ја водеше претседателката на Женската секција на црквата, Весна Трајковска, а присутните ги поздравија претседателот на Управата Васко Недановски и авторот на овие редови, Славе Катин, како гостин од Македонија.

На Комитската вечер присуствуваше надлежниот архиереј на Американско – канадско- македонската епархија, митрополит Методиј со свештеникот на црквата „Свети Илија“ отец Благој Пенев, свештениците: Гоце Деспотовски од црквата „Света Богородица “ од Кембриџ, отец Ангел  Станчев од црквата „Свети Наум Охридски“ од Хамилтон и други свештеници на Епархијата, кои заедно ја отслужија  вечерната молитва.

Исто така, на Комитската вечер, покрај неколкуте стотини, присустваа и гости од управите на други македонски православни цркви, македонски друштва и асоцијации, како и Боби Темелков, претседателот на Светскиот македонски конгрес за Канада, потоа дипломатот Јовица Палашовски, кумовите на „Комитската вечерта“: Роберт и Весна Качурови, Панче и Изабела Андови, Марјан и Ели Леови, Мики и Билјана Доневи и други. 

За расположението на гостите на вечерта, со македонски песни и ора, се погрижија естрадните уметници Соња Лозановска и Анета Наковска, која специјално дојде од Флорида како гостинката од Македонија, заедно со “Оливер бенд” и Стив, кои ги забавуваа присутните до доцна во ноќта, а гостите беа послужени со богато мени на традиционалнaта македонско-канадска кујна што ја подговија повеќе души на чело со  Гоце – Горан Јовановски.

1misis1

Комитската вечер во црквата „Свети Илија“ беше збогатена со прекрасните игри на младите и талентирани играорци на фолклорната група “Илинден“ што ја води. Ненад  Попоски. Инаку, во изминатите педесеттина години во црквата „Свети Илија“ се одвивале голем број активности на културно-просветен, национален и духовен карактер. Притоа, носител на забавниот живот е фолклорната група „Илинден“, чиј членови се вистински амбасадори на богатиот македонски фолклор, песната и обичаите донесени од стариот крај.

Групата „Илинден“ е формирана во 1980 година, а во неја досега членувале неколку десетици Канаѓани од македонско потекло, кои настапиле на бројни фестивали и други манифестации. Голем успех оваа група постигнала на „Илинденските денови“ во Битола и во други градови ширум Република Македонија. Исто така, значаен успех играорната група  „Илинден“ постигна во летото 2022 година, при гостувањето во повеќе градови во Македонија. Посебно треба да  се нагласи дека тие талентирани македонски фолклористи  биле учесници на сите црковно – народни собири што Американско-канадско-македонската епархија ги организирала во Канада и Соединетите Американски Држави.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top