На прво место

Владата на СДСМ и ДУИ спинува дека сме против договорот за изградба на коридорите 8 и 10д, само затоа што укажуваме дека има огромен криминал

1koc2

1koc2

Димитриеска Кочоска: Владата на СДСМ и ДУИ спинува дека сме против договорот за изградба на коридорите 8 и 10д, само затоа што укажуваме дека има огромен криминал

Пробаа да спинуваат и кажаа дека ВМРО-ДПМНЕ е против овој договор, наводно сме биле против Европа и Америка. Но, апсолутно не е така. Зошто би биле против кога ние сакаме да бидеме дел од ЕУ. Но, тоа не значи дека ако ние сакаме да ги заштитиме парите на граѓаните, дека сме против Европа, па ајде да ги оставиме сите да не крадат. Тоа е невозможно, вели Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа за обвинувањата од страна на СДСМ и ДУИ дека ВМРО-ДПМНЕ е антиевропска парија бидејќи го критикува договорот за изградба на коридорите 8 и 10д.

Димитриеска Кочоска вели дека спорен момент во  договорот за изградба на коридор 8 и 10д е уште од самиот почеток бидејќи владата избрала фирма да врши надзор која што нема никакво претходно искуство со градежни работи, а треба да врши надзор дали се гради како што треба и да работи во интерес на граѓаните на Македонија.

Имаме ситуација Бехтел и Енка на една страна кои што треба да го градат автопатот и владата која што ги плаќа парите на тој што е изведувач. Нормално е во ситуацијата да имаме уште една врска односно некој што ќе контролира кога се случува изведбата на автопатот, односно надзорот. За кого треба да работи надзорот и во чии интерес. Треба да работи во интерес на граѓаните на Македонија затоа што него владата го ангажира токму за тоа. Но, сега ние во ситуацијата имаме надзор не само што е катастрофа, туку прво ти сервираат компанија која што нема никакво искуство во овој дел. И сега како резултат на тоа се поставува прашањето дали владата ангажирала соодветен надзор да ги штити нашите интереси, праша таа.

Според Димитриеска Кочоска договорот за изградба на коридорите 8 и 10д не може да биде државна тајна, укажувајќи дека тоа се пари на граѓаните.

Слушам неколку дена по ред државна тајна. За нашите пари они велат државна тајна. Државна тајна можеме да имаме во ситуации кога е во прашање безбедноста на државата, но за што го чува договорот, од кого го крие. Од тие кои што треба да го платат. Па апсолутно е неприфатливо за секој еден нормален граѓанин ќе каже зошто криеш и од кого го криеш,  праша Димитриеска Кочоска.

Владата е избрана од граѓаните и не може да скрие договор кој што во суштина се однесува на сите нас, смета таа.

Потпретседателката Димитиреска Кочоска посочи дека уште во 2021 година владата се при премала за изградба на коридорите 8 и 10д, нагласувајќи дека доколку уште тогаш побарале податоци од Агенцијата за вработување ќе виделе дека има 100.000 лица кои бараат работа кои се дел со завршено основно и средно образование па наместо да увезуваат работни од надвор, да ги преквалификуваат овие лица се со цел да се има работна сила која ќе може да одговори на оваа задача.

Имаме закон за утврдување на јавен интерес за номинирање на стратешки партнер за  изградба на тие инфраструктурни проекти, значи коридор 8 и коридор 10д, донесен уште во 2021 година. Значи они уште тогаш знаеле дека ќе тргнат во една ваква инвестиција, ако во тој период побарале податоци од Агенцијата за вработување, ќе виделе дека во Македонија некаде помеѓу 50.000 и 60.000 лица кои што активно бараат работа, а се со основно образование. Имаме непотполно средно образование во 2022 година 10.379 лица или со завршено средно образование 27.505 лица. Кога ќе ги собереш сите овие ќе добиеш над 100.000 лица. Зошто од 2021 година не направија преквалификување на дел од луѓето па денес да имаме работна сила која што ќе може да одговори на оваа задача. Две години ништо не е направено, значи немаат ниту стратегија, а ниту план. И сега излегуваат и се фалат ќе имало високи плати, но за кого? За тие кои што ќе ги увезуваат од надвор, објасни Димитриеска Кочоска.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top