На прво место

Мицкоски: Лопата не фрлија, а за пенали и авансни плаќања владата на Ковачевски и Груби со Договорот за „Бехтел и Енка“, превземале обврска од неверојатни 300 милиони евра

vmro1

vmro1

Денеска ВМРО-ДПМНЕ одржа брифинг со новинари на кој што тема беа две важни работи: Скандалозниот Договор за дел од Коридорите 8 и 10Д и теренските активности на ВМРО-ДПМНЕ во идниот период.

Обврските кои што Република Македонија ги превзела согласно Договорот започнуваат веднаш по неговото потпишување, односно од 08.03.2023-та година кога Владата практично го потпишала Договорот со „Бехтел и Енка“.

Според ВМРО-ДПМНЕ важно е да се осознаат кои се обврските кои што сега и веднаш државата ги презела откако го потпишала Договорот. 8.03.2023 година во самиот договор таа дата и се нарекува ефективна дата. И од таа дата понатаму произлегуваат многу обврски кои што пред се суштински и од кои произлегуваат огромен број на финансиски импликации.

Првата обврска што државата ја презема со овој Договор е директна исплата на аванс во висина од 50 милиони евра. Тоа е дефинирано на самиот почеток на Договорот односно во рок од 45 дена од осми март од денот на потпишување на овој Договор државата треба на компанијата во форма на аванс да и исплати 50 милиони евра.

Втора ставка која предвидува финансиски импликации во висина од 117 милиони евра се однесува на дел од Договорот наречен contractor establishment payment што значи подготовка на градилиште и припремни работи. Имено, првите 87 милиони евра треба да се исплатат за две недели по потпишување на Договорот и тој рок практично истекол на, а останатите 30-тина милиони евра треба да се исплатат 45 дена од потпишување на Договорот.

Со ова долгот кон изведувачот до 22 април е 167 милиони евра.

Понатаму, поради преземени обврски за работи кои се однесуваат на промена на законските решенија, а чии рокови се пробиени  Македонија до 6-ти мај треба да му плати 53 милиони евра под ставка пенали на „Бехтел и Енка“ затоа што до рокот од 22.04.2023 не е направена промена на  Законот за работни односи каде работните часа од 40 неделно треба да се зголемат на 60 часа. Поради ова, државата исто така ќе му плаќа на изведувачот и пенали од 1.265.000 евра секој месец до завршување на проектот затоа што обврската за промена на Законот за работни односи не е исполнета. Дополнително, предвидено е уште 900.000 евра да се исплаќаат секој месец поради не промената на Законот.

Во Договорот има точка за менаџирање на проектот за 3 милиони евра. Тоа се 172 милиони евра авансно плаќање до сега.

Македонија поради Владата ќе треба да плати 300 милиони евра со пеналите заедно, а уште лопата не е фрлена.

До овој момент тоа што е потпишано не е дел од 1,3 милијарди евра, бидејќи експропријацијата не е ставена во сумата. Ако 350 милиони е експропријацијата на земјиштето, ова најмалку 30% поскап проект, 2,2 до 3 милијарди евра.

Имено, на  130 страна е дадена цена за површински ископ 5,36 метар кубен. Во таа цена е вклучен транспорт до 3 км. За секој нареден 0,17 евра за км по тон и тоа би изнесулвало7,4 евра по км. А, како за пример „Гранит“ за истово работи за цена од 2,33 евра по метар кубен за патот од Блаце до село Блаце.

Во договорот со „Бехтел и Енка“ подповршински ископ според Договорот ќе чини 8,95 евра м3, „Гранит“ за истово наплаќа 4 евра за метар кубен.

Според Договорот исто така може да прават измени во закони, затоа пратениците дале предлог за измени на 9 закони за да се забрза проектот. А, измените ги предлагаат пратениците кои по професија се: психолог, доктор, филозоф, професор по физичко, ликовно итн.

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ниту во Собрание, ниту во Комисиите не гласаа за законот за стратешко инвестирање со „Бехтел и Енка“.

Тој Договор ако не може да се договори на мирен начин треба да се арбитрира во Париз и арбитражата ќе се врши според правилата на Меѓународната Стопанска Комора и тоа според Законот на Англија и Велс.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top