На прво место

Државна тајна со меѓунационални непознаници


Панде Колемишевски

Коридорите 8 и 10 под знакот на сомневањата

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, е првиот што собра храброст да погледне од третата страна на медалот на најавениот автопат под име коридор 8, кој треба да го гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Во форма на прашање ја истакна својата дилема дали со тој автопат се оцртува картата на Илирида и дали не случајно се поврзуваат Приштина, Скопје и Тирана со нова брза траса, покрај постојната. Во изјавата што ја даде додаде дека тоа не е само негово лично мислење туку и на дел од неговата околина на пријатели и сограѓани. Може да се наведат повеќе причини што водат до едно такво, навидум еретичко, мислење исполнето со сомнежи.

Што е Илирида?

Идејата за создавање Република Илирида од 1992 година до денес циклично, со паузи од неколку години, се реафирмира во албанските политички кругови. Тема е на јавни отворени дебати и трибини, но не може да се исклучат и илегални дејства што не допираат до јавноста. Република Илирида, всушност, е заложба за создавање политичка територијална автономија во деловите на Македонија каде што живее мнозинско албанско население, поточно од кумановското село Лојане до Ќафасан во Струшко, поголем дел од географска Западна Македонија.
Првата држава Илирида во независна Република Македонија е означена со референдумот на македонските Албанци од 10 и 11 јануари 1992 година, на кој тие се изјаснуваа за политичка и територијална автономија. Организаторите тврдеа дека 99,9 отсто, односно 400.000 од Албанците се изјасниле за самоопределување. Државата го прогласи референдумот за нелегален и се мислеше дека работата е завршена.

Откриена Републиканската армија на Илирида

Но организаторите не останаа само на тој чин. Илирида, наводно, имаше и своја паравојска, таканаречена Републиканска армија. Кон крајот на 1993 година од македонските разузнавачки органи беа откриени и обелоденети сецесионистички планови и оружје наменето за одбрана на Илирида. Според некои тогашни информации, паравојската била организирана и оформена, но била предадена однатре, од свои членови. Со откривањето заврши и нејзината планирана воена мисија. Претседателот Киро Глигоров и Бранко Црвенковски како претседател на владата избраа тактички пристап за расчистување и смирување на страстите кај организаторите на паравојската. Некои од нив, без многу врева, отслужија затворски казни, а подоцна се приклучија во политичкиот и социјалниот живот во нивните средини.
Главниот носител на сите тогашни активности беше првиот претседател на партијата ПДП, Невзат Халили, кој до денес не се откажал од таа за него „света“ задача. Иако новопромовирани аналитичари оценуваат дека идејата и промоторите на Илирида се прегазени од времето, редица конкретни појави и манифестации говорат дека тие рестлови се мошне живи и активни.

Чиј е коридорот 8 – албански или македонски?

Што се однесува до самиот договор за коридорот 8, самата негова тајност дава повод за куп сомневања, не само за коруптивни постапки туку и за политички, национални и територијални непознаници. И за многу прашалници. Што се однесува до политичките импликации, тие се поврзуваат со манифестираниот и често нагласено повторуван еднонационален пристап, навестувајќи некаква посебна национална сопственост. Не беа во мал број изјавите од Артан Груби и други негови колеги дека тој проект е идеја, дело и реализација на албанските политичари во Македонија, фактички на ДУИ, фалејќи го Али Ахмети како главен идеен проектант. Еуфоријата оди дотаму што не беа нескриени некои изјави дека тој ќе им послужи за натамошно развивање на албанските делови од Република Македонија.
Не е пак некоја тајна дека деведесет отсто околу неговата изведба, изградба и финансирање (од македонска страна) е во рацете на кадри на ДУИ. Од првичната средба на Артан Груби со поранешниот американски генерал Весли Кларк, кога е објавена првата вест за коридорот, до последните настани и личности поврзани со распределба на надлежности, одговорности и дистрибуција на пари. Не се спомнува случајно Кларк ако се знае дека главни лобисти на компанијата „Бехтел“ низ светот се пензионирани генерали, меѓу кои и дел од оние што учествувале во војните на Балканот и при распадот на Југославија. Особено на Косово, кои беа поврзани со тамошните тогашни воени команданти, од кои некои се на обвинителна клупа во Хаг.

Кој зема провизии?

Во многуте сомнежи, покрај оние од финансиска природа, подѕирнуваат и други, кои засега се обвиени во магла. На пример, колкави се провизиите и кој ги зема? Колку пари добиле лобистите, колку консултантите и адвокатите, колку потписниците? Кога договор потпишува држава со приватен партнер, сите финансиски податоци, вклучувајќи ги и провизиите, мора да бидат јавни бидејќи станува збор за буџетски, односно за народни пари. Тајна може да биде применетата технологија, тајна може да бидат машини или материјали што би се употребувале првпат. Тајна може да бидат евентуалните воени елементи или воени планови за трасата, ако ги има во договорот. Парите за провизии не може да бидат тајна. Ретко кој граѓанин е против изградбата на автопатот, но никој не сака да биде доведуван во заблуда и излажан од сопствената власт.
Автопатот е означен како стратегиски, но познати експерти тврдат дека мерено од домашен аспект, такво стратегиско значење нема, бидејќи релацијата завршува на „мртва точка“ во Тирана и Драч. Оттаму нема каде понатаму. Не може да се рече дека е европски, затоа што Европската Унија не се изјаснила. Таа не учествува со грантови или поволни кредити во неговото финансирање, како што го прави тоа со инфраструктурни проекти во соседните земји, членки или кандидатки за прием. Во Србија или Хрватска, на пример, каде што финансира изградба на патишта и железници.

httpФото: Игор Бансколиев

Европско или НАТО-значење?

Коридорот 8, Скопје – Тетово – Ќафасан, можеби нема домашно стратегиско, но може да има меѓународно, геостратегиско значење, во смисла на она што го навести кумановскиот градоначалник. Не мора да е точна претпоставката дека таква улога новиот брз автопат може да има ако служи за поекспресно поврзување на НАТО-базите во Косово и во Албанија, на пример. Иако ова мислење може да се смести во графата на чисти заблуди, малку кој знае кои се меѓународните планови за Западен Балкан, простор што сѐ уште географски и територијално не е дефиниран. Во оваа смисла не би требало да се исклучи и претпоставката дека во некој иден геостратегиски географски пресвртен распоред може да биде и гранична линија меѓу Република Северна Македонија (ако постои) и Албанија или идна Илирида.
Некои настани и искуства од минатото, а некои од сегашноста, налагаат помалку егзалтираност, а повеќе внимателност при бранењето и реализацијата на овој навистина крупен градежен и инфраструктурен проект. Треба да се потсетиме дека во 2001 година, за време на конфликтот, дел од сегашниот автопат Скопје – Охрид беше затворен неколку месеци од војниците на УЧК (ОНА). Секое движење на автомобили беше забрането или строго контролирано. Охрид од Скопје преку Тетово и Гостивар беше недостапен град. На тој автопат се случи масакрот на македонски резервисти кај Карпалак, близу Тетово. Не може да се тврди уште отсега дека, некогаш во иднина, ќе се случи такво нешто, но ниту едно искуство не е за фрлање.

Помалку егзалтираност – повеќе внимателност

Манифестации на директен албански национализам се среќаваат речиси на една третина од сегашната траса кон Охрид. На тој дел од патот (кој не е автопат) се веат албански знамиња со јасна порака дека тоа е дел од Албанија. Градоначалникот на Тетово својот град го именува како главен град на Албанците во Македонија. Не многу одамна во Кичево, кадрите на ДУИ славеа десетгодишнина од денот кога „Кичево стана албански град“. Наведените примери може да упатуваат на мислата дека не е исклучена национално-политичка злоупотреба и на новата траса.
Коридорот 8 со сите проблеми, со сите сомневања и коруптивни зделки, секако дека ќе го види својот почеток, прашање е кога ќе биде крајот. Кон него, како нешто неважно, како опашка, прилепен е и дел од коридорот 10, односно автопатско решение од Прилеп до Битола, низ пелагониската рамница. Тој одамна запоставен коридор е главната македонска сообраќајна артерија, што највоочливо се покажа токму тогаш кога војниците на УЧК го затворија патот за Охрид и за цела Западна Македонија. Таму, на кратки делници, се одвиваат градежни работи повеќе од десет години, но бавно, многу бавно.

Кој е географскиот ’рбет на државата?

Трасата на овој коридор е ’рбетот на македонската држава. Она што го има кажано Крсте Петков Мисирков дека основата на македонскиот јазик е потегот Велес – Прилеп – Битола, важи и за окосница на македонската држава. Анатомијата на нејзината географска положба кажува дека релацијата Куманово – Скопје – Велес – Прилеп – Битола – Ресен – Охрид – Струга е централниот пат околу кој се одвива развојот. Ова е ’рбетот, а кон него се двете белодробни крила – Западна и Источна Македонија. Кога кон оваа магистрала би се поврзале помодерни патишта кон Бугарија, а ги има кон Грција и Србија, тогаш би се рекло дека Македонија е целосно поврзана со себеси, а со самото тоа и со светот.
Без претензии да се наметнува некој посебен став, овој наратив би можел јасно да се препознае и во највисокиот правно-политички акт, односно во Уставот, кој би се темелел на една историска реалност што цврсто ќе го одреди историскиот и географски ’рбет на Република Македонија (сега Северна) како држава. Низ еден таков концепт, низ такви амандмани, би јакнел политички, национално и економски унитарниот карактер на нашата држава и на народот што е носител на државноста, овозможувајќи им ги сите права на заедниците што живеат во државата.


Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top