На прво место

Дали Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) ќе има резерва за процесот и висината на средствата предвидени со договорот за изградба на коридорите 8/10д?

9999

9999Уште во април 2022 година ММФ најави дека Македонија може да се квалификува за линијата за претпазливост и ликвидност (PLL), но дури по осум месеци или на 21 ноември 2022 година Извршниот одбор на ММФ ѝодобрина Македонија двегодишна PLL во износ од 530 милиони евра. Според нашите сознанија една од пречките за касното одобрување на заемот беше реалното прикажување на трошоците поврзани со изградба на Коридорите 8/10д, како и обврските кои властите ги презелеи кажале дека ќе ги реализираат.

Во Извештајот на тимот на ММФ стои „Коридорот 8/10д се очекува да чини 1,3 милијарди евра (10 проценти од БДП во 2022 година) и да биде завршен во период од 6 години, што е вградено во основната макроекономска рамка. Наспроти остриот пораст на трошоците за изградба и неизвесноста поврзана со трошоците за големите инфраструктурни инвестициски проекти, властите побараа сеопфатна и независна физибилити студија од меѓународна реномирана компанија, вклучително и проценета документација, за да се зацврсти проценката на трошоците. Откако ќе се заврши физибилити студијата, таа ќе се користи за информирање на договорот. Властите во моментов избираат независен советник за финансиски трансакции, врз основа на меѓународен тендер, кој ќе го преговара договорот за проектот и ќе го надгледува неговото спроведување. Врз основа на резултатите од физибилити студијата, тие (се мисли на властите) се посветени на преземање мерки за соодветно управување со фискалните ризици, како и трошоците, за да се осигури дека тие се конзистентни со програмските цели и среднорочната фискална рамка“.

Прашања:

1.    Дали се изработи физибилити студијата и која сума ја покажаа таа?

2.    Кој е тој независен советник за финансиски трансакции избран на меѓународен тендер кој преговарал за договорот?

3.    Зошто проекцијата на капиталните расходи од 2023-2027 година којашто беше изработена од ММФ во октомври-ноември 2022 година врз база на консултациите со домашните власти е пониска од проекцијата наВладата доставена до Собранието на 14.12.2022 година? За еден месец можна ли е разлика од високи 390 милиони евра?

4.    Кумулативната разликата кај капиталните расходи од 2023 до 2027 година помеѓу двете среднорочни фискални стратегии е 390 милиони евра. Дали тоа е сумата од физибилити студијата?

5.    Дали проектот којшто во ноември вредеше 1,3 милијарди евра веќе во декември 2022 година чини 1,7 милијарди евра, со потенцијал да надмине над 2 милијарди евра заради презементи дополнителни обврски во форма на пенали со потпишаниот договор кој се крие од јавноста?

6.    Зошто пак најголемитеотстапувања во износот на капиталните расходи има во 2023 и 2024 година, и тоа за 170 мил.евра иза 105 мил. евра ПОВЕЌЕ според Владата од она што ММФ го очекувал? Дали ова се пеналите?

7.    Какви мерки, за соодветно управување со фискалните ризици, се преземени од властите?Дали зголемувањето на даночните стапки и проширувањето на даночната основа, како и данокот за солидарност на грб на домашниот приватен сектор се мерките за управување со фискалните ризици заради овој проект?

ММФ ќе бара одговор на овие прашања, исто како што бара и македонската јавност.

Реалната оценка и прикажување на сите преземени трошоци од договорот за изградба на Коридорите 8/10д е од суштинско значење зошто истите ќе имаат долгорочни последици врз буџетот и врз фискалната одржливост. Од заемот на ММФ беа повлечени 110 милиони евра при крајот на 2022 година, а уште една исплата од околу 155 милиони евра треба да се случи по завршувањето на првата мисија на ММФ планирана во мај 2023 година. Дали ќе се случи повлекувањето на втората транша во очекување сме да видиме. Или пак можеби и ММФ ќе има резерва за процесот и висината на средствата кои се предвидени со договорот за изградба на коридорите 8/10д?

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top