
“На Македонија, и покрај 30 годишната аспирација да стане членка на евроатлантските организации, и е ускратено тоа право. Тоа е заради непринципиелните барања на соседите кои кулминираа со историските етнонационални барања на Бугарија.
“Како држава ние секогаш правиме сѐ за да придонесеме кон европските вредности, регионалната стабилност и безбедност. Но, прашањето е дали истите тие вредности се споделуваат кога станува збор за нашето пристапување кон ЕУ.
Ние бевме првата држава од регионот која го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација, станавме кандидат за ЕУ заедно со Хрватска, а требаше и да станеме членка на НАТО во исто време. Сепак, од непринципиелните барања на нашите соседи, ние и денес сме во лобито – надвор од преговорите.