На прво место

Мицкоски: Одлуката на Судот во Стразбур за 27-ми април е шамар за СДС и ДУИ

1mico5
1mico5
Мицкоски: Одлуката на Судот во Стразбур за 27-ми април е шамар за СДС и ДУИ кои водеа политичка хајка против опозицијата

Стигна пресуда од судот во Стразбур за 27 април каде јасно се вели дека биле прегазени човековите права и притворот бил злоупотребен. Оваа пресуда е шамар за власта на СДС ДУИ која ја водеше најбруталната политичка хајка против опозицијата, а целта е јасна, не дека, луѓе кои и сега се по затворите се терористи, туку затоа што од власта правеа притисоци за да им поминат уставните измени. Неколку години потоа судијката која, и го водеше случајот стана синоним за она што денес преставува и се вика кацарска судството, распаднат судски систем кој е корумпирана алатка во рацете на власта, како и СЈО камшик во рацете на СДС и ДУИ кои се распадна поради неговата криминализираност, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната трибина во Струмица посветена на здравството.Мицкоски укажа, стотици, би рекол илјадници семејства страдаа, а десетици своите најблиски ги испраќаа по затворите не затоа што се бараше правда, туку затоа што се водеше хајка.

„Не велам дека луѓето од 27 април не употребиле сила, но ако за тоа лежат 200 години затвор, тогаш овие од власта треба да лежат 2000 години. Не може тие луѓе 200 години затвор, а Рашкоски на слобода, Рашковски на слобода, Ден Дончев со туце пари на летен одмор во Австралија, а ниту еден, ниту еден криминален случај решен. Ќе дојде ден кога сите овие ќе се соочат со правдата. А тие што ги водат овие хајки треба да знаат дека одговорност ќе има, за судиите, за обвинителите, за политичките субјекти кои нарачуваа брутални сценарија и ја газеа правдата и вистината“, заклучи Мицкоски.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top