На прво место

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ОДКРИЕНА БИСТА НА МАКЕДОНСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР ДРАГАН БОГДАНОВСКИ (1929-1998)

vmro5
vmro5
ОДКРИЕНА БИСТА НА МАКЕДОНСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР  ДРАГАН БОГДАНОВСКИ (1929-1998)
На 10 Јуни пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ во Скопје беше откриена биста на Македонскиот Револуционер Драган Богдановски (1929-1998) во присуство на нај високото раководство на ВМРО ДПМНЕ, неколку стотици почитувачи на неговото дело и блиски роднини.
Бистате ја одкрија Мане Јаковлески председавач со Унијана на Ветерани и Трајче Трајковски председател на ЗК на ВМРО ДПМНЕ од Перт Австралија, кој во пригодниот говор што го одржа, подсети на револуционерната дејност на Драган Богдановски во дијаспората и во Македонија.
352518
Трајче Трајковски ги поздрави присатните
Почитуван Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Проф. Др. Христијан Мицкоски, почитувани членови на УМС, УЖ,  градоначалници, пратеници, членови на ИК,централниот комитет, почитувани Ветерани, Дами и господа, Браќа и сестри,
Се собравме денес уште еднаш да му оддадеме почит на големиот македонски револуционер по Втората светска војна и страдалник за Македонија, а воедно и основач на нашата партија Драган Богдановски..
Драган потекнува од фамилија со патриотски корени (дедото на Драган е илинденец-комита во четата на Атанас Бабата).
Основно училиште Драган завршува во родното село, а средно образование во Куманово и Битола. Во 1948 год. се запишува на факултет за Земјоделство и Шумарство во Белград, каде уште во третиот семестар од студиите се пројавува како иницијатор за формирање на „Македонски студентски клуб“, заради што одлежал 4 месеци во затвор. По излегувањето од затвор бил исклучен од факултетот, без право на упис на кој било факултет во Југославија. 
По забраната да студира во Југославија, заедно со неколку студенти во 1950 год. кај Гевгелија илегално ја преминува границата со Грција, а истата година  заминува за Јужна Америка (Аргентина и Бразил) каде престојува се до 1954 год. Од Јужна Америка заминува за Франција, каде во Париз се запишува на Сорбона на факултетот за политички науки и журналистика. 
Истовремено во Париз, заедно со група истомисленици, ја формира организацијата „Македонски национален фронт“, која го  издава весникот  „Македонска искра“, од кој излегуваат само неколку броеви, бидејќи по интервенција на Грчката амбасада во Париз, француската влада го забранува како националистички и антигрчки. 
Во 1958 год. се жени со Брита, ќерка на тогашниот главен архитект на Осло, по што заминува да живее во Норвешка. Во бракот им се раѓаат два сина: Пер-Арне и Иван.
Во Осло Драган ги издава списанијата: „Македонска нација“, „Македонска лоза“ и „Слободна Македонија“, како и весникот „Македонија“.
Во 1963 год. ја формира македонската организација Ослободителен комитет на Македонија (ОКМ), која во 1972 год. се трансформира во ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија). Драган беше претседател на ДООМ се  до неговото киднапирање и апсење во 1977 година. ДООМ го издава списанието „Македонска нација“, но нејзините членови бргу наидуваат на проблеми со тогашната УДБА. Во Минхен, од страна на УДБА, во 1974 година е убиен секретарот на ДООМ, Благој Шамбевски и уништена е   печатницата во која се печати списанието „Македонска нација“. Членови на ДООМ се апсени и во Македонија.
Во 1977 год. Драган Богдановски, како претседател на ДООМ е киднапиран во Париз и доведен во Југославија. Бил поканет во стан на гости кај Македонец, удрен со тврд предмет по глава, онесвестен и дрогиран, по што со дипломатско возило бил пренесен во Љубљана, а подоцна и во Скопје. Со врзани очи бил одведен во полициски објект во близина на Македонски Брод каде што бил под истрага 18 месеци, при што бил чуван, врзан со ланци на нозете. Судскиот процес против него бил организиран зад затворени врати, без присуство на јавноста. На тој процес Драган е осуден на 13 години затвор, од кои одлежува 11 години во затворот во Идризово.
Во 1988 година, по излегувањето од затвор извесно време живее во Скопје, а по добивањето на патна исправа заминува, прво за Берлин, а потоа и во Шведска. Во април 1990 година Драган Богдановски повторно доаѓа во Берлин, каде ги информира своите истомисленици  дека има подготвено програма и статут на партија која треба да се формира во Македонија под името: Демократска Партија за Македонско Национално Единство. На следниот состанок во Минхен одлучено е, на предложеното име од страна на Драган,  да се додаде и придавката ВМРО.
На 17.Јуни.1990 год.се одржа Основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Домот на млади 25 мај во Скопје. Така почна дејствувањето на денес најмоќната партија во Република Македонија ВМРО ДПМНЕ.  
Подоцна Драган Богдановски е избран за претседател на Задграничниот комитет на партијата, а во 1993 година се дистанцира од тогашното раководство.  
Драган Богдановски почина на 31.05.1998 година во Копенхаген, Данска, на пат од Шведска за Берлин. Погребан е во присуство на фамилијата и најблиските во Куманово на 01.08.1998 год.
За неговите страдања во затворот сведочат и неговите Мемоари собрани во книгата Дневникот на македонскиот маченик Драган Богдановски“, објавена од Задграничните комитети на ВМРО ДПМНЕ од Перт и Аделаида во Австралија, а помогната од чесни и искрени следбеници на Драган Богданоски.
Почитувани, дозволетеми од мое лично име и од име на ЗК на ВМРО ДПМНЕ од Перт и Аделаид нај искрено да им се заблагодарам на председателот Професор доктор Христијан Мицкоски, на раководните структури на ВМРО ДПМНЕ, искрена благодарност на Ивица Томовски, Јохан Тарчулоски и Мане Јаковлески кој дадоа се од себе за поставување на бистате со ликот на Драган. Благодарност и до господинот Александар Донски, кој даде се од себе во излегувањето од печат на дневникот на Македонскиот маченик Драган Богданоски и професор доктор Виолета Ачкоска, која даде голем придонес за дневникот. 
Во знак на голема почит кон Драган Богдановски денес ја поставуваме бистата со неговиот лик која ќе остане траен сведок за неговата патриотска активност. 
Бистата е дело на академскиот вајар Димитар Филиповски, на кого му изразувам не себечина благодарност.
Финансиери за бистата се задграничните комитети на ВМРО ДПМНЕ од Перт и Аделаид од Австралија. 
Почитувани членови, симпатизери на ВМРО ДПМНЕ, ви изразувам посебна почит на сите Вас за одстапеното време да бидете тука на овој свечен чин денаска.
Нека му е вечна славата на  големиот Македонец Драган Богдановски.
Фотогалерија од ОДКРИВАЊЕТО НА БИСТАТА НА МАКЕДОНСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР  ДРАГАН БОГДАНОВСКИ: https://www.facebook.com/veteranivmrodpmne/posts/271937531888747?ref=embed_post
Македонска нација

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top