На прво место

Мицкоски: Османи нема кредибилитет да преговара, во минатото наместо да покаже почитување на македонскиот народ, тој го погази со своите постапки

1w
1w
Мицкоски
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Ваташа по повод одбележувањето на 80 годишнината од стрелањето на 12-те ваташки младинци од страна на бугарскиот фашистички окупатор, на новинарско прашање за коментар на  изјавата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи дека Бугарија не можела да ни поставува нови услови на патот кон ЕУ, истакна дека Бујар Османи нема кредибилитет да преговара за македонскиот идентитет и тоа го покажал многу пати во минатото преку неговите постапки.
„За да го коментирам Бујар Османи треба да има кредибилитет.
Бујар Османи нема кредибилитет да преговара за мојот македонски идентитет и да ми кажува што мисли и како мисли Бугарија, бидејќи многу пати во минатото со своите постапки, наместо како министер за надворешни работи на Македонија каде мнозинска заедница е македонскиот народ, да покаже основно и елементарно почитување, тој тоа го пропуштил и не само што не покажал туку и го погазил“, истакна Мицкоски.
Тој исто така му порача на Османи да го советува новиот бугарски министер за надворешни работи по примерот на германскиот министер Вили Брант кој клекнал и се извинил за тоа што го правеле германските фашисти во Полска, така и бугарскиот министер да дојде во Ваташа, да клекне и да се извини за злосторствата на бугарскиот фашистички окупатор.
„Јас би му советувал на господинот Османи којшто веќе 6 години е дел од оваа влада, а за кратко нема да биде повеќе, да го советува новиот бугарски министер за надворешни работи да земе еден пример од еден министр за надворешни на една европска земја и да дојде овдека на овој споменик во Ваташа, да клекне, да се извини и да побара прочка за тоа што го направил бугарскиот фашистички окупатор во Втората светска војна. Тогаш можеме да седнеме и да размислуваме за било какво простување, за било каква прошка.
Еве тоа го има направено германски министер Вили Брант. Клекнал, се извинил за тоа што го правеле германските фашисти во Полска. Може и тој во името на бугарските фашисти да дојде овде во Ваташа, да клекне и да побара прошка за тоа што го правеле Бугарите во Втората светска војна овде во Македонија, потенцираше Мицкоски.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top