
Законот предлага тотално редефинирање на сето она што до сега сте го подразбирале како ПОЛ, РОД, МАШКО, ЖЕНСКО, семејство, здраво поколение, нормалност, традиционален сексуален морал, здрав и просперитете наРОД!
Доколку, драги мои, сме решени да се спротиставиме на тоа да не редефинираат и уништат како наРОД, како идентит и дигнитет, како Македонци, како родители, како функционални граѓани на нашата држава, како посветени верници кои својот живот го осмислуваат и вреднуваат со Божјите вистини и модели на живеење – тогаш е потребно сериозно да се спротиставиме на донесувањето на овој крајно проблематичен закон!
Истиот е пишуван крајно итро и подло! Од една страна предлагачите многу се заинтересирани, особено за правата на жените, што не е проблем, та и во постоечкиот закон жените се заштитени и се потенцира родовата рамноправоста, односно, рамноправноста на мажите и жените, но во новиот закон за РОДОВА ЕДНАКВОСТ се внесува родовата (gender) иделогија.
Таа тврди дека ПОЛОТ и РОДОТ се различни нешта! Еве што за тоа предлагачите напишале во предлог законот:
Член 4, точка 1: „Пол“ ги подразбира биолошките и психолошките карактеристики врз основа на кои луѓето се дефинираат како жени или мажи.
А погледнете што тие подразбираат под РОД!
Член 4, точка 3: „Родов идентитет“ се однесува на внатрешното и индивидуално доживување на сопствениот родот што секое лице длабоко го чуствува за себе, што може но и не мора да соодејствува на полот што му е определен при раѓање, како и личното доживување на сопственото телото и поинакво изразување на родот, вклучително име, облека, говор, манири и дуго.
Погледнете за кого се важи предлог законот!
Член 4, точка 6: „Жени, мажи и лицата со разновидни родови идентитети“ ги опфаќа и лицата до 18 годишна возраст.
Погледнете во што се состои суштинската стратегија и цел на предлагачите на законот!
Член 23, точка 5: покренува иницијативи и промовира активности за општествени и културни промени со цел
искоренување на предрасудите, стереотипите, обичаите, традициите и сите други штетни практики
во остварување на родовата еднаквост;
Дали разбирате какви општествени проблеми и судири ќе поттикнат овој член и оваа точка од законот!
подготвил: о. Ивица Т.
https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=75591