На прво место

Андоновски: Демолирањето на автомобилот на Митева нема да не поколеба

1sjko1

1sjko1

Андоновски: Демолирањето на автомобилот на Митева нема да не поколеба, ќе продолжиме да ги откриваме криминалите на власта, треба да знаат одговорност ќе има

Вандализам не и прилега на една земја која е кандидат за членка на Eвропската Унија и не прилега на ваква една држава и едно општество вака да се справува, ако некој има неистомислености. Ова е сериозна закана или обид за сериозна закана, затоа што знаете Марија Митева дека веќе подолго време се занимава со темата корупција во ДУИ и корупција на највисоките ешалони на власта особено во ДУИ. Мислам дека оттаму треба да се потегне да се бара одговорноста, изјави Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, во „Заспиј ако можеш“ на Алфа, во врска со демолирањето на автомобилот на портпаролката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Андоновски истакна дека ваквиот чин нема да ја запре Митева, напротив,  ова ќе и влијае позитивно да продолжи да си ја работи работата како што си ја работи, односно да ги вади на површина криминалите на власта.

Ние потекнуваме од генерација на политичари кои допрва влегуваме во политиката, но влегуваме чисти и без багаж. Никој од нас нема семејно или било какво искуство како тие пробисветови и криминогени структури. Се знае зошто ги праќаат овие пораки на овој начин, рече Андоновски.

Тој нагласи дека овие пораки кои ги испраќаат ќе бидат контрапродуктивни за нив, бидејќи Митева како портпарол ќе продолжи да ги открива аферите, да открива какви коруптивни зделки се случуваат, да открива колку корупцијата го има разјадено системот, како ДУИ ја има узурпирано и украдено Македонија, на кој начин, кои се методите.

– Овие работи нема да ја поколебаат, автомобилот се поправа, образот и политичкиот багаж не се поправаат и сите луѓе кои ова го прават треба да знаат дека одговорност ќе има.

Одговорност ќе има во моментот кога ќе се најдат извршителите и ова дело и на други кривични дел особено на големите коруптивни скандали.

Одговорност ќе има, независно колку ќе се закануваат во наредниот период.

Очекувам да продолжат заканите, да продолжат притисоци и врз пратеници и врз претседатели на општински комитети и врз други од раководство, но ние сме обединети и продолжуваме со битка, истакна Андоновски.

Најново од: На прво место

Лоша вест за Филипче и СДС: Орбан се споменува за ОН — се чека „ветото“ од партискиот штаб!

Само што се израдуваа на веста дека Вучич изгубил на изборите во Србија,  шокантна вест за Филипче и СДС: Вашингтон размислува, Москва и Пекинг можеби би поддржале, Орбан сè уште одмерува — само уште да се провери дали Филипче ќе дозволи! Според „Џерузалем пост“, кој се повикува на извори од три земји, администрацијата на американскиот […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

To top